Јордан Митев открива кој има лековити раце – по неа до село Арвати (фото)
Миленикот на бројната публика, имал болки во 'рбетот, па првиот ден по новогодишните празници се упатил право кон ресенското село Арвати, кај баба Тефиде.
Фолк-пејачот Јордан Митев е познат по својот убав глас и свирењето на повеќе иснтрументи – од тапан до гајда, кавал, хармоника, па до пијано.
Радовишанецот е познат и како голем верник, но овојпат отворено сподели и дека ѝ верува на „старинската медицина“, односно лекување со – како што вели – традиционален занает.
Миленикот на бројната публика, имал болки во ‘рбетот, па првиот ден по новогодишните празници се упатил право кон ресенското село Арвати, кај баба Тефиде.
„После многу изминати километри во изминатиот период, денес патот ме однесе и во ресенското село Арвати кај баба Тефиде која со својот традиционален занает ми ги ублажи болките во половината“ – вели Митев и продолжува:
„Не знам дали беше до занаетот или до слаткото кафе со убав старски и мудар муабет, но знам дека баба Тефиде ми го направи денот да се чувствувам подобро, затоа и сакам да ја споделам со моите фанови“.
Објавата на Јордан собра куп „лајкчиња“ на социјалните мрежи и бројни коментари на поддршка и пофалби, но има и такви кои му сугерираат на миленикот да почне и да вежба. Ете шанса за нов почеток, во новата година.