Реклама
Вирално

Jeлена Карлеуша за Саша Поповиќ – фотографиите се доказ дека веќе ништо не е исто

Реклама

Саша Поповиќ и Јелена Карлеуша соработуваа со години, а за тоа време станаа добри пријатели за што сведочат некои стари фотографии, на кои неодамна се наврати пејачката.

Иако само малкумина имале можност да бидат гости кај Саша Поповиќ во неговиот дом во Опатија, Јелена била една од нив, пишува српски Свет-скандал. Имено, летото во 2019 година, Карлеуша заедно со ќерките и тогашниот сопруг Душко, ги посетиле Саша и неговата сопруга Сузана во Опатија.

Маркетинг

фото принтскрин

Но, подоцна пријателството на Јелена и Саша како да „напукна“, па тие ја прекинаа соработката.

Маркетинг

Сепак, Јелена сè уште ги негува спомените од тие убави денови, а доказ за тоа се фотографиите кои сега таа ги сподели, и тоа токму од тие времиња.

принтскрин Инстаграм

„Гледам некои стари снимки во телефонот и го наоѓам ова…Опатија 2019. Во име на убавите добри денови, испраќам добра енергија и желби за маестро…Да свириме и да пееме повторно“, пишува Карлеуша.

принтскрин Инстаграм

Инаку, Јелена беше прва која објави дека Поповиќ е болен.

„Саша е болен. Не знам дали е мое да зборувам за тоа јавно за да не ми замери, но многу е болен. Мислам, можете да погодите за што се работи – рече тогаш Карлеуша, додавајќи дека ѝ се јавила на сопругата на Саша, Сузана, и им понудила помош.

Неодамна, гламур.мк пишуваше и за сеќавањата на пејачката Билјана Јевтиќ за Саша.

Саша Поповиќ во младоста бил голем заводник, но пејачката Билјана Јевтиќ, во која медиумскиот магнат бил лудо вљубен, му кажала „не“.

– Ме виде на еден натпревар, а подоцна и во Крагуевац. Се сети на тие бели чизми што ги носев и пријде на мојата пријателка Рада и ја праша: „Која е оваа девојка?“. Таа му рекла: „Ај бегај, што се распрашуваш? „Не“, вели: „Јас сум стара ‘чекалица’“.

фото-принтскрин, Билјана Јевтиќ

После тоа се запознале, а на изјавата дека не паднала на неговиот шарм, таа одговори:

-Па, нека остане тајна, сега ќе го прочита ова и ќе рече: „А, не ми го кажа ова“ – се пошегува еднаш пејачката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button