Огласи
Новости

Сопругата на Андреј: „Јана, за 7 дена порасна како за 7 години“

advertisement
advert

Јавната сцена во Македонија е завиена во црно по трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 59 лица, вклучувајќи и осум члена на тимот на ДНК, меѓу кои и пејачот Андреја Ѓорѓиески – Андреј.

Тој заедно со Владимир Блажев – Панчо беше дел од популарното музичко дуо „ДНК“. Заедничката кариера ја започнаа во 2001 година кога го пуштаат првиот сингл на „ДНК“ со наслов „Девојка за везден“ за кој снимаaт и видео запис.

Андреј Ѓорѓиески, кој трагично загина во пожарот во Кочани, зад себе ја остави сопругата Наталија и ќерката Јана.

реклама

Пејачот честопати на социјалните мрежи знаеше да сподели фотографии од својата русокоса убавица со сини очи, но сега сопругата остана да ја споделува тагата.

Таа сподели дел од разговор со нејзината ќеркичка, чија изјава допира длабоко до срцето и распарува душа, а потсетува колку е силна љубовта и врската помеѓу родител и дете.

Марpкетинг

Потсетуваме, во страшната несреќа што се случи во Кочани за време на концертот на ДНК загинаа 59 лица.

Покрај загинатите има и тешко повредени кои моментално се на лекување, а повеќето од нив се млади луѓе.

Меѓу починатите се и осум членови на групата „ДНК“ – пејачот Андреј Ѓорѓиески, тапанарот Ѓорѓи Горгиев, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, фотографот Александар Ефремов, придружниот вокал Сара Пројковска, тон-мајсторот Игор Велков и битбоксерот Мартин Атанасовски. Владимир Блажев – Панчо, кој заедно со Андреј е еден од основачите на бендот, ја преживеа несреќата, но во моментот е во болница со тешки изгореници и е приклучен на кислород. Несреќата ја преживеа и Ана Костадиновска, придружен вокал во групата, која во моментот е во стабилна состојба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button