Бизнис

Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари

Advertisement

Земјоделството е стратешки приоритет на Владата. Исплатени се над девет милијарди денари – субвенции на повеќе од 70.000 земјоделци, нагласуваат утрово од владината прес-служба.

– Се врши редовна исплата на субвенциите и со тоа им се дава директна поддршка на земјоделците да продолжат со своето производство. За една година, Владата и МЗШВ успеаја да ги исплатат заостанатите субвенции на земјоделците за сите категории од 2021, 2022, 2023 година, а се исплаќаат и тековните субвенции. Покрај ова, како Влада успеавме да ги подобриме земјоделските политики и наместо земјоделските производи да се фрлаат, истите сега се откупуваат по пристојни цени од страна на откупувачите, се истакнува во соопштението.

Advertisement

Од владината прес-служба додаваат дека промените се очигледни и тие се случуваат.

– Времето на промените е тука, работиме и ја вреднуваме маката на земјоделците. Оваа Влада е земјоделска и земјоделците после седум години, конечно имаат партнер. Го враќаме нивното изгубено достоинство. Ги градиме темелите на промените, се додава во соопштението

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button