Новости

ИМА ТЕШКОТИИ СО ГОВОРОТ – Најнови детали за состојбата на Жика Јакшиќ

Advertisement

По десет дена поминати во болница, Јакшиќ е пуштен на домашно лекување

Водителот на емисијата „Никад није касно“, Жика Јакшиќ, има тешкотии со говорот по мозочниот удар.

Advertisement

Како што објавија локалните медиуми, Јакшиќ е пуштен на домашно лекување по десет дена поминати во болница.

Неговата здравствена состојба сега е стабилна, но поради последиците од мозочниот удар, тој има тешкотии со говорот, па затоа секој ден го посетува логопед за да му помогне што побрзо и полесно да ја надмине моменталната состојба.

– За среќа, Жика Јакшиќ сега е добро. Со оглед на тоа што имал мозочен удар, тој моментално има тешкотии со говорот, поради што логопед му доаѓа секој ден дома за да му помогне да се опорави – изјави извор близок до водителот.

Advertisement

Да ве потсетиме, тој се разболе пред еден месец, поради што итно отиде на лекар. Откако доби медицинска помош, беше задржан во болницата „Свети Сава“, каде што беше на одделението за интензивна нега.

– Ниту се слушнавме ниту се видовме. Мислам дека буквално никој дури и не го контактираше. Никој не можеше да стапи во контакт со него бидејќи беше во болница без телефон. Немаше можност за комуникација. Беше во болницата „Свети Сава“ околу десет дена – изјави неговиот пријател Микица Гачиќ за „Информер“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button