Игор Џамбазов со болка и треперење во гласот: „Песнава ме прогонува како потстанар да ми е во мозокот“ ВИДЕО

Трагедијата што се случи во Кочани по страшниот пожар кој избувна за време на настап на групата „ДНК“ на 16 – ти март ги остави сите во тага.
Неутешен е и македонскиот шоумен Игор Џамбазов кој беше пријател со починатите членови на бендот каде меѓу трагично загинатите е и пејачот Андреј Ѓорѓиески.
На точно една недела од оваа загуба, на своите социјални мрежи Игор Џамбазов со болка и треперење во гласот ја испеа „Ако утре ме нема“, песната на ДНК која, за жал, ја одбележа и нивната кобна судбина.
„Песнава ме прогонува. Со денови наназад, ми дише во врат. Како потстанар да ми е во мозокот. Како краста што не зараснува. Како доказ за бесмисленоста на животот. Како опомена за идните генерации. Почивајте во мир деца наши…“ напиша Џамбазов.
View this post on InstagramМарpкетинг
„Ако утре ме нема“ е песна од ДНК и Оркестарот на Џамбо Агушев снимена во 2022 година, која беше хит и бендот ја изведуваше на нивните концерти и настапи.
Андреј Ѓорѓиески, пејачот на песната тапанарот Ѓорѓи Ѓоргиев, басистот Александар Коларов, клавијатуристот Филип Стевановски, придружниот вокал Сара Пројковска, битбоксерот Мартин Атанасовски и тонецот на бендот Игор Велков се оние членови на бендот кои не успеаја да се спасат во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“.
Младиот гитарист на ДНК, Горан Тонев, Панчо и Ана Костадиновска се тројцата преживеани.