Трагичната вест беше објавена и на неговиот Инстаграм профил.
Актерот Хадсон Џозеф Мик почина на 19 декември.
Како што пренесуваат медиумите, актерот испаднал од автомобилот во движење. Набргу по драмата тој бил пренесен во болница поради здобиените повреди.
Два дена подоцна тој подлегнал на повредите. Истрагата е во тек.
Трагичната вест беше објавена и на неговиот Инстаграм профил.
Родителите на Мик се неутешни, пишува People, како и неговиот постар брат.
И голем број колеги останале без зборови од шок откако дознале што му се случило.
Мек беше познат по тоа што толкуваше помлада верзија на главниот лик во филмот „Возач“ од 2017 година. Своите први актерски чекори ги направи во 2014 година во „Санта кон“, каде глумеше заедно со Мелиса Џоан Харт и Џејл Вајт.
Пред неговата смрт, тој работеше и на неколку филмови и емисии кои треба да бидат прикажани во 2025 година.
За потсетување, филмот „Возач“ е акционен филм од 2017 година, напишан и режиран од Едгар Рајт. Во него глуми Ансел Елгорт како возач во бегство кој бара слобода од криминалниот живот со својата девојка Дебора. Еиза Гонзалес, Џон Хам, Џејми Фокс, Џон Бернтал и Кевин Спејси ги играа споредни улоги.