Јапонската актерка Михо Накајама (54) е пронајдена мртва во када во нејзиниот дом во токискиот кварт Шибуја, како што јави јапонската национална телевизија, објави Дејли мејл.
Полицијата веднаш по пладне била повикана во домот на актерката Михо Накајама и потврдила дека таа починала во када, а деталите за случајот сега се истражуваат.
Актерката беше најпозната по нејзината улога во филмот Љубовно писмо од 1995 година, а беше успешна како пејачка за време на најславниот период на џеј-поп музиката во 1980-тите и 1990-тите.
View this post on InstagramМаркетинг
Михо требаше да настапи на божиќен настан во Осака, но настапот беше откажан пред да биде објавена веста за нејзината смрт, наведувајќи ја како причина лошото здравје.
Накајама се појави во бројни филмски и телевизиски продукции, вклучувајќи ги Љубовно писмо и Кења но Аи.
Љубовно писмо останува едно од нејзините најпознати дела на меѓународната сцена, заслужувајќи го нејзиното признание и неколку награди за најдобра актерка. Таа, исто така, беше номинирана за јапонска филмска награда (награда на Јапонската филмска академија) за нејзината улога во Токио Бијори во 1998 година.