ГОЛЕМА ТАГА! Почина една од најубавите манекенки
Тажната вест која го обиколи светот ја објави една нејзина пријателка.
Британскиот супермодел Џорџина Купер, почина на 45-годишна возраст, јавуваат странските медиуми.
Според Дејли Мејл, Џорџина починала на островот Кос само два месеци откако се омажила.
Таа е позната по насловните страници на магазинот „Cool Britannia“ и дружењето со Кејт Мос.
Од неа се збогуваат многу колеги, како Џејд Парфит, Ерин О’Конор, Џоди Кид и Хелена Кристенсен.
„Таа ја сакаше Грција и ми кажа дека ќе се врати таму кај нејзиниот нов сопруг – но таа почина таму пред две недели. На Џорџина не и беше добро за време на Ковид и имаше некои здравствени проблеми, исто така беше во болница. Но, имаше големи планови за иднината. Таа штотуку се омажи и се радуваше на својот живот. Сите сме уништени. Таа беше вистинска суперѕвезда“, изјави нејзиниот агент.
Џорџина беше забележана од модна агенција на 13 години, а првиот голем успех го постигна кога на 15 години се појави во спотот на Бон Џови.
Потоа стана едно од заштитните лица на деведесеттите и го доби прекарот „девојката со празнина меѓу забите“, работејќи како муза за познатата фотографка Корин Деј, за најголемите имиња во модната индустрија и појавувајќи се на насловните страници на Американски Вог.