Актерката Џоан Плорајт починала во четвртокот, на 16 јануари, на 95-годишна возраст.
Британската актерка и добитничка на бројни награди, починала на 95-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство.
„Џоан почина мирно, опкружена со своето семејство, во Денвил Хол, дом за пензионирани уметници, каде ги помина последните години“, се вели во соопштението.
Плорајт е родена во 1929 година во Сканторп, кариерата ја започнала во театар, набрзо станувајќи едно од најпрепознатливите имиња на британската сцена и филм. Студирала во престижното училиште Олд Вик, што било увертира за нејзината извонредна кариера која се протегала повеќе од седум децении.
Во 1957 година, таа се запознала со актерската легенда и некогаш еден од главните момци во тоа време, Лоренс Оливие, додека работела на драмата „The Entertainer“.
Нивната љубовна приказна започнала додека Оливие сè уште бил во брак со Вивиен Ли, а парот се венчал во 1961 година. Љубовта траела до неговата смрт во 1989 година. Плорајт често велела дека грижата за Лоренс, особено за време на неговите здравствени проблеми, била една од нејзините најважни улоги во животот.
Познатата актерка постигна голем успех и на сцената и на филмот. Таа ја освои наградата Тони во 1961 година за нејзината улога во „Вкусот на медот“ на Бродвеј, додека филмовите како „1 април“ и “Сталин“ и донесоа Златни глобуси и номинација за Оскар. Нејзината разновидност се рефлектираше во продукции како што се „101 далматинец“ и „Чај со Мусолини“.
Благодарение на нејзиниот придонес во уметноста, кралицата Елизабета Втора ја одликувала со титулата Дама.
Зад Плорајт останаа нејзините деца Тамсин, Ричард и Џули-Кејт, како и големо семејство кое се сеќава на нејзината љубов и силниот дух. Нејзината кариера и наследство засекогаш ќе бидат дел од британската историја на уметност