ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО „ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД“: Оваа пејачка седнува на местото на Марија Шерифовиќ
Марија Шерифовиќ, веќе долги години е членка на жирито на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“ не се појави на снимањето на емисијата, па гледачите и нејзините обожаватели се запрашаа за што се работи.
Како што пишуваат тамошните медиуми, синот на пејачката Марио денеска го слави својот прв роденден, па затоа ова е причината за нејзиното отсуство од снимањето на шоуто.
По тој повод, на нејзино место дојде нејзината колешка Сања Вучиќ, а Шерифовиќ му го честита првиот роденден на својот син на социјалните мрежи.
Во оваа прилика, 40-годишната пејачка објави емотивна објава на Инстаграм и се присети на ноќта кога се родил малиот Марио.
“Не спиев два дена и две ноќи. Во два после полноќ се спакувавме и отидовме во болница. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден и цела ноќ ја слушавме ‘What a great world’. Ми се чини дека мојот сакан Лос Анџелес ноќта беше најубав, а ѕвездите никогаш посилно не блескаа. Те чекавме да дојдеш на свет малечок мој најубав“, напиша Марија со фотографија од нејзиниот син.
„Ме прашуваат синко дали мојот живот се променил. Не знам ни како да им објаснам колку се променил. Не знам како да им објаснам како е можно некој да се сака толку многу. Велат дека децата ги избираат своите родители. Ништо не ми останува, освен да се прашувам до последниот ден што направив за да заслужам таков совршен ти. Среќен роденден, синко. Те сакам“, додала Марија.
Да потсетиме, Марија на почетокот на декември минатата година стана мајка на синот Марио кој го роди сурогат мајка.
Пејачката откри дека во неколку наврати се обидела да стане мајка, но не можела да ја поднесе бременоста, па затоа на крајот се одлучила за сурогат мајка. Шерифовиќ поради договорот за приватност не сака да открие кој е таткото, но рече дека нејзиниот син ќе знае за тоа кога ќе дојде време.