Вести

Го избркале од работа бидејќи не сакал да работи прекувремено после 15 часот – сега ќе добие неверојатна сума оштета!

Advertisement

Извесен човек по име Домагој добил отказ од фирма во Хрватска затоа што еден ден не сакал да работи прекувремено после 15 часот.

Тоа се случило во јуни 2020 година во компанија во близина на Загреб. Домагој, инаку помошен работник, вели дека дента им било кажано дека мора да останат по 15 часот бидејќи треба да завршат некоја работа. Тој и уште еден работник не сакале, па си заминале откако работеле од 7 до 15 часот.

Advertisement

„Претходно немав прекршување на работната дисциплина и никој никогаш за ништо не ме опоменал или предупредил. Одработив смена тој ден, се според договорот за работа и си отидов дома. Ми беше врачен вонреден отказ без да објаснување што сум направил“, се пожали Домагој.

Работодавецот пред судот изјавил дека треба да завршат некоја важна работа, па усно им било кажано да останат, но двајцата работници не сакале. Домагој бил отпуштен следниот ден.

Advertisement

Минатата недела судијата заклучи дека ваквото отпуштање е незаконски, па затоа компанијата мора веднаш да го врати Домагој на работа. Со оглед на пресудата, работникот има право на сите плати за изминатите четири и пол години. Сепак, тоа ќе мора да го бара во посебна приватна тужба.

Пресудата е правосилна и против неа може да се жали компанија од пошироката област на Загреб. Ако изгуби, ќе треба да му исплати на работникот најмалку 60 месечни плати со камата и да го врати на работа 15 дена по правосилноста на пресудата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button