Гитаристот Горан Тонев од ДНК кој беше повреден во пожарот во „Пулс“: Бог ми даде втора шанса

Горан Тонев, по два месеци од трагедијата во Кочани, се огласи на социјалните мрежи. Тој на „Фејсбук“ објави фотографија од болницата и персоналот, со благодарност затоа што сега живее втор живот.
Гитаристот Тонев, заедно со Панчо и придружната вокалистка Ана Костадиновска, се единствените преживеани членови на групата „ДНК“ од таа кобна вечер. Објавата побуди многу емоции кај бројни следбеници кои му испратија пораки со поддршка и желби за побрзо закрепнување.
„Му благодарам на Бога што ми даде втора шанса, му благодарам на целиот персонал од болницата ,,Папаниколау”-Солун за неизмерната грижа и нега која ми ја пружија. Исто така сакам да се заблагодарам и на персоналот во Кочани и Скопје. Голема благодарност за сите мои роднини и пријатели коишто се молеа за мене. Моите чувства се измешани, колкушто сум среќен, толку сум и тажен за загубата на сите деца, а посебно за моите драги колеги и другари. Сочувство за сите фамилии“, напиша Тонев.