Вести

Фросина Кулакова е 22-годишната девојка усмртена кај „Силбо“

Advertisement

Синоќа, 15-тина минути пред полноќ, на булеварот „Партизански одреди“ во близина на пекарницата „Силбо“, 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино. Била прегазена од патничко возило од марката „Пежо“, а од природата на повредите, починала на лице место.

Ја удрил автомобил управуван од 20-годишно момче, а од здобиените повреди таа веднаш починала.

Advertisement

Траорната вест уште во раните утрински часови се прошири во родниот град на девојката.

Во шок и неверување, граѓаните прашуваат до кога ќе се гине на улиците во нашите градови и уште колку невини животи треба да згаснат, пред да бидат донесени драстични измени во Законот за сообраќај, и да се воведат ригорозни казни за прекршителите.

Пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше. Нашите мисли се со нејзиното семејство, никој, никогаш да не доживее ваква болка, велат сограѓани на младата девојка.

Advertisement

Исто така, јавноста се сеќава на неа и кога пред 12 години, како десет-годишно девојченце се појави во видео записот за песната ,,Божиќ за секој од нас” заедно со нејзината сестра Росица и Димитар (кои во 2007 година на Детска Евровизија и го донесоа на Македонија 5-то место со песната ,,Динг, динг, донг”) и со други пејачи од Неготино, и ги освои симпатиите на гледачите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button