Наши ѕвезди

Филип Ангов се врати на сцената со нова песна и спот

Advertisement

Македонскиот талентиран пејач Филип Ангов по кратката пауза се врати на сцената и на јавноста и ја претстави својата најнова песна „Кино” снимена во модерен ритам.

Домашната јавност, Филип го запозна преку неговите настапи во најголемите локали и ноќни клубови низ Македонија, но и преку неговото учество во популарно регионално шоу за модерна музика „Ај-Ди-Џеј шоу” кое кај нас се емитува на Сител ТВ.

Advertisement

Музиката, текстот, аранжманот, микс и мастерот на „Кино” се дело на Андрејник, додека екранизацијата ја направи Томислав Живковиќ.

– Инспирацијата за песната „КИНО” беше од оние ситуации кога љубовта станува игра, кога често има повеќе прашања отколку одговори. Се работи за релации полни со страст, инат и неизречени емоции, каде што вината често се бара на погрешно место, а лагата понекогаш се прифаќа полесно од вистината. Сакав да доловам чувство како од сцена во филм – интензивно, вистинито и со доза на тага, ама и со храброст. Музиката и текстот се создадени да звучат модерно, но и емотивно – за сите што барем еднаш се нашле во ваков филм. Кога го слушнав демото во студиото кај Андрејник, веднаш знаев дека е тоа. Песната ја снимивме за два дена. Спотот го режираше Томислав Живковиќ и го направи целото искуство незаборавно и ѝ даде на песната моќна слика што совршено ја доловува атмосферата, вели Филип.

Advertisement

Иако од мал пее, Филип Ангов во тинејџерските години се повлекол и вешто го криел својот талент. Во текот на пандемијата и деновите затворени во карантин започнува да пее во живо на социјалната мрежа Инстаграм и таму добива неочекувана огромна поддршка. Оваа поддршка резултира со силна мотивација повторно да се врати на сцената и тогаш заедно со својот другар, денес професор по пијано, да формира бенд и настапува ширум целата територија на Македонија.

Во наредниот период јавноста ќе види и слушне уште неколку нови проекти од овој млад и талентиран пејач, а до тогаш, слушнете ја „Кино”.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button