Вести

Eве зошто во септември нема да има линеарно зголемување на пензиите

Advertisement

Промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување не можат да бидат ад – хок решение.

Она што го направивме во првите девет месеци со линеарното покачувањето од пет илјади денари, беше со цел да се подобри состојбата на сите пензионери.

Advertisement

Треба да се промени цел еден систем, бидејќи во моментот односот вработени – пензионери веќе не е 2:1, туку е 1:1, 5, дури ни толку.

Не можеме да си играме со пензискиот систем. Не можеме да дозволиме наши граѓани да останат без примања во пензионерските денови.

Ова вечерва во Кочани го изјави заменик минстерот за труд, социјалана политика и млади, Ѓоко Велковски, на трибината насловена „Граѓаните во центарот на промените – работиме за подобар живот на сите, со фокус на пензионерите“, одговарајќи на прашање од граѓаните дали се планира во септември ново линеарно зголемување на пензиите.

Advertisement

Според заменик минстерот формирано е владино тело од стручни лица кои работат токму на промените во пензискиот систем.

-Не може ден за ден да се решава, не можеме сега, во јули, набрзина да донесеме одлука што да се прави во септември, па да направиме штета на голем дел од вас.

Сепак, односот помеѓу најниската и највисоката пензија веќе не 1:7, туку е 1:4 откако го реализиравме претходно ветеното линеарно покачување од 5 000 денари, додаде Велковски.

На трибината беше даден предлог од учесник во дискусијата да се размисли за процентуално и скалесто покачување на пензиите, повисоките пензии да бидат зголемени со помал, а пониските со поголем процент, при што Велковски го поддржа предлогот.

На вечерашната панел дискусија во Кочани учествуваше и професорот Лазар Јовевски, советник во Кабинетот на претседателот на Владата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button