Еве на кои места во Македонија во моментов има обилни врнежи од снег ВИДЕО

Поради интензивни врнежи од снег, воведени се нови забрани за движење на тешки товарни моторни возила (ТТМВ) на магистралниот пат Кичево – Охрид и кај преминот Плетвар, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Од 15:30 часот, забраната важи на магистралниот пат Кичево – Охрид и обратно, додека од 16:20 часот, забраната е воведена и на магистралниот пат А3 кај преминот Плетвар.
Претходно, од Диспечерскиот информативен центар на Ј.П. Македонијапат, информираа дека забрана за сообраќај за тешки товарни возила, попладнево е воведена на Пресека и на планинскиот превој Буково.
Во моментов на планинскиот превој Плетвар има заглавени десетина возила поради обилните врнежи од снег.
Се препорачува внимателно возење.
Во продолжение видео од состојбата на Плетвар: