Особено во западните предели во моменов има побилни врнежи од дожд, а на планините и планинските превои, односно на Стража има пообилни врнежи од снег кои веќе создаваат проблеми во сообраќајот.
Има и ретка појава на грмежи во овие предели од државава објави Славчо Попоски.
Најмногу воден талог до 16 часот попладнево има наврнато во Маврово, и тоа 20 литри. Снежната покривка пак изнесува 41 сантимнетар на Попова Шапка, 27 сантиметри во Маврово и 4 сантиметри во Крушево.
Највисока максимална температура денес е измерена во Гевгелија, и тоа 10 степени.
Времето утре роменливо облачно со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои од повисоките места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северен ветер.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд, а во повисоките делови од котлината од дожд и снег. Ќе дува умерен северен ветер.
Во моментов на Стража има пообилни врнежи од снег.