ЕВЕ КОНКРЕТНИ ЧЕКОРИ – еден голем македонски ланец маркети побара враќање на цените на ниво пред поскапувањата

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните да не пазаруваат во маркетите поради високите цени на прехранбените производи.
Иницијативата која прво се случи во Хрватска, а вакви акции се најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите од власта и од опозицијата, додека надлежните институции најавија ригорозни контроли во маркетите и трговските објекти и итна реакција на терен.
фото пекселс
Овој протест е порака и до трговците, но и до власта, која се очекува да преземе мерки. Економските аналитичари предупредуваат дека за вистински ефект, бојкотот треба да трае подолго.
На денот кога граѓаните бојкотираат, маркетите се решија да превзмат конкретни чекори кон намалување на цените на производите.
На ваква акција се реши маркетот Тинекс
Компанијата Тинкес ги извести добавувачите дека во првиот кваратал на 2025 година нема да прифаќа изменети ценовници за нивните производи и предлага цените да се вратат на ниво пред поскапувањето односно од пред 01.01.2025 година.
Во писмото испратено до добавувачите и до јавноста, потпишано од управителката Кристина Тодоровиќ Николиќ, се вели:
„ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје како компанија чија приоритетна дејност е трговија на мало, веќе подолго време е изложена на погрешна перцепција од страна на јавноста дека цените во нашите малопродажни објекти се одраз исклучиво на нашата политика на високи малопродажни маржи, а сето тоа усмерено кон постигнување на екстра зголемен профит. Принудени сме на прво место да ги заштитиме нашите потрошувачи, а со самото тоа и сопственото работење. Во насока на зачувување на угледот на компанијата и кредибилитетот на пазарот каде етички и професионално работиме веќе 30 години, донесовме одлука да ги преземеме следните мерки:
– Ве известуваме дека ТИНЕКС-МТ ДООЕЛ Скопје во првиот кваратал на 2025 година нема да прифаќа изменети ценовници за Вашите производи. За пријавените зголемени цени до моментов, предлагаме да се вратат на ниво пред поскапувањето односно од пред 01.01.2025 година.
фото тинекс
По истек на првиот квартал, единствено ќе бидат прифатливи за нас измени на цени до ниво право пропорционално со годишната стапка на инфлацијата согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.
Во случај Вашиот ценовник да биде изменет спротивно на нашата одлука за работење, ќе бидеме приморани дел од производите кои не се во согласност со нашата одлука да не ги набавуваме.
Очекуваме дека со разбирање ќе ја примите оваа наша одлука, во ова време на предизвици за сите нас.“