Новости

ЕВЕ КОЛКАВ ХОНОРАР ЌЕ ЗЕМА ДАРА БУБАМАРА ВО ЅВЕЗДИТЕ НА ГРАНД Протекоа детали од договорот!

Advertisement

Дара Бубамара потпиша договор со „Ѕвездите на Гранд“ за три години, односно три сезони од музичкото натпреварување.

Како што откри извор близок до пејачката, Дара наводно ќе биде платена по 100.000 евра за секоја сезона, што значи дека на крајот од соработката, таа ќе добие вкупно 300.000 евра.

Advertisement

Преговорите меѓу Дара и Гранд траеја неколку месеци, бидејќи пејачката на почетокот не беше сигурна дали ќе може да ги балансира обврските од бројните настапи и приватниот живот со работата во жирито и менторството на натпреварувачите.

„Таа беше во дилема“

Сепак, според изворот, финансиските услови наложиле Бубамара да одлучи да ја прифати оваа понуда.

Advertisement

– Дара беше во дилема. Сите знаеме колку работи и настапува, а тоа носи голема одговорност и обврска.

Сепак, кога бројката од 300.000 евра беше ставена на маса, падна одлука. На крајот, тие се согласија и Дара неодамна потпиша договор со продуцентскиот директор Горан Шљивиќ – изјави соговорникот за Информер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button