Локалните избори во Македонија се одржуваат на секои четири години, според одредбите на Изборниот законик и Уставот на Република Македонија. На овие избори граѓаните избираат градоначалници и членови на советите на општините и Градот Скопје.
Локалните избори во Скопје за 2025 година, ако се одржат според предвидениот изборен календар, ќе бидат од голема важност за жителите на главниот град на Република Македонија. Граѓаните на Скопје ќе гласаат за:
Градоначалник на Град Скопје: Овој функционер е највисокиот извршен орган во градската власт и е одговорен за спроведување на политиките во областите како што се инфраструктурата, јавниот превоз, животната средина и урбанистичкото планирање.
Членови на Советот на Град Скопје: Советниците се претставници на граѓаните и го сочинуваат законодавниот орган на градот, одлучувајќи за буџетот, регулативите и другите клучни прашања од градско значење.
Градоначалници на 10 општини во рамките на градот Скопје:
Аеродром
Бутел
Гази Баба
Ѓорче Петров
Карпош
Кисела Вода
Сарај
Центар
Чаир
Шуто Оризари
Совети на овие општини: Членовите на општинските совети ќе се избираат пропорционално.
Очекувањата се изборите да се одржат на есен 2025 година (најчесто во октомври). Точниот датум ќе го одреди Државната изборна комисија (ДИК).
Во услови на сериозна економска криза, општина Гази Баба во изминатите три години преку најразлични мерки подаде рака на своите жители и 54 милиони денари ги врати директно на сметка на граѓаните.
Субвенции за велосипеди, инвертер клима уреди, печки на пелети, електрични тротинери, соларни колектори, чистење на оџаци и субвенции за вградување на уреди за течен нафтен гас во возилата се мерките од областа на животната средина преку кои вративме средства директно кон граѓаните, известија од општината.
– Еднократна парична помош за секое новороденче, еднократна помош за секое прваче, еднократна помош за семејства кои се соочиле со несреќа и болест, финансиска поддршка за семејства во социјален ризик и финансиска поддршка за пензионерите со ниски пензии се мерките од областа на социјалната заштита преку кои вративме средства директно кон граѓаните, информираше градоначалникот Бобан Стефковски во објава на социјалните мрежи.
Изминатите три години преку нашето одговорно, посветено и чесно работење на дело покажавме дека постоиме за граѓаните, напиша Стефковски.
Општина Гази Баба и оваа година продолжува со имплементација на програмите за субвенционирање на граѓаните и социјална заштита преку кои ќе продолжи трендот на враќање на средства од општинскиот буџет кон граѓаните, вети тој.
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на неговиот Фејсбук профил сподели дека во период од 3 години како што тој е на чело на општината нема потрошено ниту денар за репрезентација, службено возило и дневници за патувања.
„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии.
На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа.
Денес после три години од мандатот резултатите се:
0 денари – потрошени за репрезентација и ресторани!
0 денари – потрошени за службено возило за градоначалникот!
0 денари – потрошени за дневници за патувања!
Довербата од граѓаните значи чест, а пред и над се одговорност!
Дадов збор пред граѓаните дека ќе работам одговорно, чесно и посветено и така ќе биде до последниот ден од мојот мандат“, напиша Стефковски.