Бизнис

Еве кои три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите

Advertisement

Три банки одлучија предвреме да ги исплатат пензиите. Нивните фејсбук статуси ви ги пренесуваме во целост.

Фејсбук статус на ХАЛК БАНК:

Advertisement

Драги пензионери,

Пензиите за мај се веќе достапни – ДУРИ НЕКОЛКУ ДЕНА пред први!

Од денес (29.05.2025), вашите средства се достапни на вашите сметки во сите филијали на Халкбанк, на сите банкомати и преку електронско и мобилно банкарство.

Advertisement

Доколку сте дале согласност, можете да ги подигнете и во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија / Posta e Maqedonisë së Veriut.

Утрешниот ден пред викенд, ви е на раполагање за да си ги завршите сите ваши финансиски обврски. 😊

Важни се луѓето!

Халкбанк АД Скопје

ФБ статус на Комерцијална банка:

Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите за мај од петок, 30.05.2025 година. 📣

Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од 30.05.2025 година и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа. ✅

Пензионерите кои не користат дебитна картичка, пензијата од 30.05.2025 година ќе може да ја подигнат во широката мрежа на експозитури и филијали на Банката од понеделник до петок, а секако и во сабота, кога филијалите на Банката низ целата земја и дел од експозитурите во Скопје работат од 9 до 12 часот. 🕛

ФБ статус на Силк Роуд Банка:

Драги наши пензионери,

Вашите пензии за месец мај ќе бидат исплатени утре (30.05.2025) и достапни за подигнување во сите наши експозитури, на банкомати, преку електронско и мобилно банкарство, или пак да ги користите за безготовинско плаќање низ трговската мрежа.

Силк Роуд Банка, со тебе, во секое време.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button