Реклама
Вести

Eве кои граѓани до крајот на годината ќе добијат 16.800 денари на своите сметки

Реклама

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.

Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Во Македонија, оваа година сите вработени и во јавниот и во приватниот сектор, ќе добијат регрес за годишен одмор.

Маркетинг

Вработените во администрацијата ќе добијат по најмалку 11.000 денари, додека за приватниот сектор, износот ќе биде околу 16.800 денари, што е 40% од просечната плата исплатена во последните три месеци.

фото илустрација

Работниците имаат право на регрес за годишен одмор во висина од најмалку 40 проценти од последните три просечни плати, што ги објавил Државниот завод за статистика. Рокот за исплата на регресот е до крајот на годината, така што ако има раст на платите, износот ќе биде поголем.

Маркетинг

Ова се разбира доколку компанијата нема финансиски тешкотии, кога може да се исплаќаат и помали износи, а од друга страна за оние подобростоечките „само небото е лимит“…

Токму одредбата дека фирмата била финансиски нестабилна, беше мета на чести критики изминатите години, како од Државниот трудов инспекторат, така и од ССМ, кој досега не успеа да издејствува нејзина промена кај работодавачите.

Дотолку повеќе што со ова не се кажува ни дека фирмата треба да биде во минус, туку се зборува само за „тешкотии во работењето“, што е многу широк поим.

-Износот на регресот се утврдува според основицата, која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Според Колективниот договор, основицата за пресметување на надоместоците на работниците претставува просечната месечна нето-плата по работник во Македонија исплатена во последните три месеци.

Исплатата на К-15 треба да се заврши до крајот на годината, иако законски може да почне да се извршува од мај. Услов за исплата на регресот е работникот да работи најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавец.

Регрес им следува и на оние работници што ја смениле работата, ако претходно непрекинато работеле половина година во иста компанија.

За работодавците што нема да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени, Законот предвидува казна до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра за компанијата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа.

Законодавецот предвидува казна во висина до 4.000 евра, од кои од 2.000 до 3.000 евра се за фирмата и од 500 до 1.000 евра за одговорното лице во неа, доколку регресот не се исплаќа.

Активистката за работнички права Кристина Ампева од здружението „Гласен текстилец“ со апел до работните од приватниот сектор.

– До нас пристигнуваат првите пријави за принудно потпишување бланко листови од страна на работодавачите! Како и секоја година, „благодарение“ на лошиот колективен договор потпишан помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи, се дозволува намалена исплата на К15 под превезот на наводни деловни потешкотии. Оваа година, гарантираниот износ на К15 е 16.800 денари, но често, преку манипулации, работниците добиваат само 1.000–3.000 денари. Затоа апелираме:

– Не потпишувајте никакви бланко листови!

– Не дозволувајте блиски лица на работодавачот да преговараат во ваше име!

– Без вашиот потпис, работодавачот нема право да ви исплати помал износ од 16.800 денари или да не ви исплати К15 воопшто!

– Организирајте се и заштитете го вашето право! – наведува Ампева во својата фејсбук објава.

Таа исто така упати апел и до Управата за јавни приходи да истражи компании кои секоја година пријавуваат загуби за да, како што вели, исплатат помал К15, додека обновуваат возни паркови и градат луксузни вили.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button