Стотици прехранбени производи се најдоа во новогодишната кошничка, која Владата ја подготви како поддршка за граѓаните во пресрет на празниците.
Мерката стартува од 15 декември и ќе трае до 15 јануари. Истата се носи во консултација со бизнис секторот.
Листата на производите кои ќе најдоа во новогодишната потрошувачка кошничка, може да ја видите ТУКА.
Како што соопштија од владината прес-служба, новогодишната потрошувачка кошничка се состои од листа на прехранбени производи и алкохолни и безалкохолни пијалаци предложени од страна на производителите и трговците кои за време на новогодишните празници ќе бидат понудени на потрошувачите по ниски цени.
Потрошувачка кошничка ја подготвува Министерството за економија и труд во консултации со стопанските комори, синдикатите и Асоцијацијата за заштита на потрошувачите. Воведувањето потрошувачки кошнички за најголемите празници, според надлежните има за цел да ги стабилизира цените на основните прехранбени производи, но и да не се дозволи зголемување на инфлацијата.
Претходно, беше донесена есенска потрошувачка кошничка, која траеше до 31 октомври, а во која беа опфатени околу 70 производи на кои им беа ограничени профитните маржи, но таа според економските експери и граѓаните не даде големи резултати.
Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска беше против воведувањето вакви мерки бидејќи како што истакна тие тешко може да се контролираат. Таа решението за спречување на неоправдан раст на цените го гледа во донесување на законот за нефер трговска практика.