Eдна од најуспешните македонски компании бара 18 работници со средно образование – основна плата до 30.000 денари

Врз основа на членот 22 став 1 точка 1 и став 2, членот 23 став 1, 2, и 7 од Законот за работните односи, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје распишува
О Г Л А С
За вработување на 18 работници на определено време во „Макпетрол“ АД. – Скопје во Дирекцијата за малопродажба и тоа:
фото фејсбук
Бензинска станица во Струмица
– 6 (шестмина) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци;
Бензинска станица во Радовиш
– 2 (двајца) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци;
Бензинска станица во Штип
– 4 (четворица) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци.
Бензинска станица во Куманово
– 3 (тројца) работници на работно место продавач на определено време од 5 месеци;
– 3 (тројца) работници на работно место продавач-касиер на определено време од 5 месеци
Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
Завршено средно образование;
Работно искуство од најмалку 2 (две) години;
Познавање на англиски јазик.
Работното време за горенаведените работни места, се одвива во смени.
Неделното работно време изнесува 40 часа, од понеделник до недела.
Основната плата за работното место продавач изнесува 30.000 денари.
Основната плата за работното место продавач – касиер изнесува 28.500 денари.
фото фејсбук
Работата во смени, работата за време на неработни денови или на денови на празници и прекувремената работа е платена согласно Законот за работните односи и подзаконските акти.
Заинтересираните кандидати треба да достават:
Писмо за мотивација – со јасно нагласено работно место за кое аплицираат;
Кратка биографија;
Копија од диплома за завршено образование;
Препорака од претходен работодавач;
Уверение од кривична евиденција;
Копија од други стекнати дипломи и уверенија.
Потребните документи да се достават на адреса:
„Макпетрол“ А.Д. – Скопје
Сектор за човечки ресурси
ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.4 – Скопје
лице за контакт: Сања Гермовска
телефон за контакт: 02/3146-491
или
лице за контакт: Јана Момировска
телефон за контакт: 02/3146-532
Рок за пријавување: 07.03.2025
По истекот на рокот за поднесување на потребните документи, со кандидатите кои ги исполнуваат бараните услови, ќе биде спроведено интервју за вработување.
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот на пријавувањето, во зависност од бројот на пријавените кандидати, а согласно членот 23 став 2 од Законот за работните односи.
Кандидатите кои нема да достават целосна документација, апликациите што ќе бидат доставени преку e-mail, како и апликациите што ќе бидат примени по истекот на крајниот рок, нема да бидат земени предвид.
„МАКПЕТРОЛ“ А.Д. – СКОПЈЕ