Вести

Еден од најголемите македонски маркети најави големо намалување на цените на најпотребните производи

Advertisement

За петок е најавен бојкот на сите маркети од страна на граѓаните поради високите цени на производите.

На социјалните мрежи групи од оваа иницијатива апелираат до граѓаните да не пазаруваат во петок од маркетите бидејќи, како што велат, сакаат да испратат јасна порака за драстично поскапување од страна на продавачите.

Advertisement

Граѓаните во петок ја поддржуваат иницијативата за бојкот. Сепак, според нив, иако посакуваниот ефект нема да се постигне за само еден ден, доволно е да се испрати пораката до трговците кои, како што велат, се збогатуваат и ги осиромашуваат граѓаните на кои им ги празнат џебовите.

Иницијативата за бојкот на супермаркетите беше објавена на социјалните мрежи, по примерот на Хрватска, каде супермаркетите останаа празни, а трговците беа принудени да ги намалат цените .Повеќе земји во регионот, исто така, најавија бојкот за петок.

Advertisement

На денот кога граѓаните најавуваат бојкот, маркетите се решија да стартуваат акции со кои „значително“ ќе се намалеле цените и тоа баш на најпотребните производи.

На ваква акција се решил маркетот Тинекс

„Тинекс ги разбира потребите на македонските купувачи и ја започнува кампањата „Твој избор, твоја заштеда“, во рамки на која веќе од 31 jануари и во текот на февруари ќе понуди намалување на голем број производи, кои се неопходни за потребите на едно семејство. Станува збор за производи, кои се клучни за функционирањето на домаќинствата и веруваме дека ќе придонесат во заштеди на семејниот буџет.“ – се вели во соопштението од компаниајта.

Оттаму додаваат дека растот на малопродажните цени се должи на растот на набавните цени.

„Направените анализи во последните четири месеци од 2024 година покажуваат зголемување од 9% на просечните набавни цени во однос на истиот период во 2023 година. И покрај сето ова, Тинекс секогаш има слух за потребите на потрошувачите и успеваме да понудиме производи со прифатливи цени“ – стои во соопштението на Тинекс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button