Реклама
Интервју

Додека ја држиме боичката во рака да не гледаме во телефонот, детето чека цртеж – искрено со Анастасија Илиевска

Да се биде родител на 21 век е исто толку тешко колку што било и во 10 и во 16 и во 20 век, секое време со свои предизвици, вели новинарката.

Реклама

Водителката и новинарка Анастасија Илиевска е една од најубавите тв-лица кај нас. Покрај со нејзината убавина таа секогаш плени и со својата успешно завршена работа.

Преку новинарските приказни кои таа ги прикажува не ретко знае да направи промни во општеството.

Ќе се потсетиме дека благодарение на упорноста на Илиевска  успешно заврши една здравствевна голгота за многу семејства кај нас, за која пишуваше и Гламур.мк.

Маркетинг

Каков скандал во Градски парк во Скопје – мајка ја избрка и расплака малата Бисера за која се снимаше емисија

Маркетинг

 

Илиевска од петни жили се потруди да му помогне на ова семејство, а преку нивната приказна и на останатите кои се соочуваа со истиот проблем.

Анастасија е во брак со познатиот водител Богдан Илиевски. Тие имаат две дечиња. Ја поканивме да биде дел од нашата рубрика – РОДИТЕЛИТЕ НА 21 ВЕК.  Сосема очекувано добивме многу убави одговори и корисни совети за младите родители.

Читајте внимателно, убедена сум дека овој разговор ќе ви помогне за подобро воспитување на вашите деца во иднина.

Дали е тешко да се биде родител на 21 век?

Верувам дека е исто толку тешко колку што било и во 10 и во 16 и во 20 век. Секое време со свои предизвици. Да се биде родител е најодговорна но истовремено и најубава улога.

Можеби не е нејважна работа на овој свет да се стане родител, ама штом еднаш станете тоа е најважната работа која што го имате.

Може ли да ни опишете какви се вашите деца?

Дениција има 3 ипол, а Раде ќе наполни две години за два месеци. Двајцата имаат многу различен карактер, ама заедничко им е дека се многу упорни, весели, друштвени.

Како ги добија имињата вашите деца?

Дениција името го доби според стихозбирката/ циклусот песни на Петре М. Андреевски. А Раде своето име го наследи од дедо му.

Споделете со нас некоја анегдота што ви ја направиле?

Пред некој ден кога беше полн месец, Раде ми покажува нешто накај небото и кажува “Јо Јо” “Јо Јо”… и тогаш сфаќам дека месечината ја нарекува “Јо Јо” и тоа поради песната на Брегович – Месечина која сме ја слушале и ете така му останало во сеќавање иако ние кога учиме зборови ги учиме правилно.

Дениција има талент за сцена, па може да одглуми и одигра ритмика од музички видео запис од почеток до крај со само едно гледање. Тоа не можам да го опишам ама е нејзина уникатна особина.

 По какви методи ги воспитувате?

Не би можела да го дефинирам ниту дека е стриктно само еден или друг начин. Но она што е константа е дека уште од првиот ден кога се родени ја почитуваме нивната личност. Тоа значи дека со нив се однесуваме со максимална почит, без навреди, исмевања, споредувања и помеѓу нив двајца а и со други деца. Со почит кој нивните желби, но исто така со поставување на јасни граници и многу љубов.

Што мислите има ли голема разлика во начинот на растење на децата во 21 век, за разлика од времето кога вие сте биле дете?

Секако дека има. Со сите позитивни и негативни страни. Она што можеме да го направиме ние како родители е да ги земеме практики кои сметаме дека се позитивни од минататото и да го искористиме сите бенефити и информации кои ги нуди модерното време.

Кои се најголемите предизвици (старвови) за родителите на 21 век?

Достапноста на многу информации знае да направи вистински хаос, особено за оние родители кои се наоѓаат во таа улога за прв пат. Многу е важно медиумската писменост и тоа од каде ги црпиме информациите и кои се изворите на информации на кои им веруваме.

Уште еден голем предизвик на родителите во 21 век е да останеме присутни во сегашниот момент. Да не сме паралелно на социјални мрежи со телефонот во една рака и боичката во друга додека детето не чека да му нацртаме нешто. Да се биде тука и сега е најголем благослов, особено кога сме со децата.

На кој начин се поделени обврските во вашето семејство околку децата?

Подеднакво.

Кои се предности, а кои мани за родителите на модерното време ?

Сè ни е достапно, во секој момент, а тоа е истовремено и предност и маана.

 Што паметите од тоа кога бевте дете, на кој начин ве воспитуваа вашите родители?

Со многу љубов. Ги паметам прошетките со моите родители и сестра ми и приказните кои ми ги раскажуваа, од бајките па се до тоа како настанал светот и што се атоми и молекули. Ги паметам одморите во камп, раскрвавените колена од играта надвор, превкусниот млечник на едната и сенаменската престилка на другата баба. Ги паметам и светулките кои со нетрпение ги чекавме на лето. :)

Каков совет им давате на младите родители, на што треба да обрнат најмногу внимание?

На себе. На своето ментално и физичко здравје.

Какви афинитети покажуваат вашите деца од мали нозе?

Креативноста и сè што е поврзано со неа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button