ДОАЃААТ ДОБРИ ДЕНОВИ ЗА ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ Секој ќе има пензија од најмалку 2.500 евра

Германскиот пензиски систем веќе извесно време се соочува со предизвици поради демографските промени и системот на солидарност, а државата ги поддржува пензиските заштеди преку бенефиции и даночни олеснувања.
Затоа политичарите и партиите се уште разговараат за законското пензиско осигурување по сојузните избори, пишуваат германските медиуми.
Со цел идните пензионери да добијат соодветни пензии, ЦДУ на чело со Фридрих Мерц планира сеопфатна пензиска реформа.

Сржта на оваа реформа ќе биде воведувањето на таканаречените пензиски заштеди, кои треба да овозможат да се постигне нето пензија од 2.500 евра.
Пензиската штедна книшка, која се нарекува и „предвремено пензионирање“, според германските медиуми, има за цел да изгради капитализирани пензиски заштеди на млада возраст.
Поточно, планот предвидува десет евра месечно да се уплаќаат на индивидуална, приватно организирана депозитна сметка за секое дете на возраст од 6 до 18 години.
Овие придонеси изнесуваат вкупно 1.560 евра за дванаесет години. Ако се претпостави просечна каматна стапка од пет проценти, овој капитал би пораснал на околу 2.801,54 евра до 18 година.
Осигуреникот може на сопствен ризик да изврши дополнителни уплати на депозитната сметка со цел дополнително да го зголеми акумулираниот капитал до пензионирање.

На пример, месечен депозит од 137,12 евра за 49 години и просечна каматна стапка од пет проценти би резултирал со капитал од околу 378.813,28 евра. Овој капитал би овозможил да се добие месечна нето пензија од 2.500 евра во период од 20 години, објави магазинот „Феникс“.
Она што е посебно за пензиските заштеди е тоа што владата поддржува сè – во форма на бенефиции и/или даночни заштеди. Сепак, колку дополнителни пари ќе добиете зависи од тоа колку вие самите придонесувате. Освен тоа, пензиите и онака се индивидуални.