Вести

Доаѓа нова финансиска помош од државата! Ова се условите што треба да ги исполните

Advertisement

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов, на денешната прес-конференција најави конкретна мерка за поддршка на студентите – ваучери во вредност од 250 евра (15.300 денари) за набавка на персонален компјутер, лаптоп или таблет.

„Секој редовен или вонреден студент на додипломски студии, запишан на државен или приватен факултет и до 29 години возраст, ќе добие техничко помагало кое ќе му помогне во следење на наставата и академскиот развој“, изјави Попов.

Advertisement

Според него, станува збор за предлог-закон што веќе е поднесен до Собранието, а средствата за реализација се предвидени во државниот буџет.

Оваа мерка, како што нагласи, е дел од пошироката политика на ВМРО-ДПМНЕ за модернизација на образованието и создавање еднакви услови за сите студенти.

„Ова е политика на конкретни решенија, а не празни флоскули. Политика на реализација, а не на лаги и празни ветувања“, рече Попов.

Advertisement

Тој додаде дека институциите се подготвени да ја спроведат мерката брзо, транспарентно и ефикасно, со цел што побрзо да им се овозможи на младите пристап до современа технолошка поддршка.

„Со гордост можам да кажам дека ова е само почетокот. Следуваат уште многу убави мерки и проекти за младите, кои ќе помогнат во создавањето подобра и просперитетна иднина за сите“, порача Попов.

Да потсетиме и премиерот Мицкоски изјави дека студентите од септември ќе добијат по 250 евра за електронски уреди, мерка што беше најавена во декември минатата година.

„250 евра за електронски уреди. Тие пари се предвидени во буџетот. Процедурата во рамките на Владата, односно Генералниот секретаријат е отпочната. Се дефинираат критериумите и нормално е дека чекаме да отпочне новата студентска година затоа што еден од критериумите е да студентите имаат заверен семестар.

И ги чекаме овие бруцоши коишто сега ќе се запишат за да го заверат семестарот и да може да ги добијат тие 250 евра помош од државата за купување на електронски уреди. Така што веќе во септември месец, јас сум сигурен дека тоа ќе се случи“.

Тоа што ВМРО и оваа Влада ветуваат, во којашто се политичките партии ВРЕДИ, коалицијата ВРЕДИ, политичката партија ЗНАМ и нашата коалиција, додаде тој, тоа што ние го ветуваме, тоа го испорачуваме, но се разбира во зависност од приоритетите, бидејќи многу приоритети има, мора многу дупки и многу лоши работи од минатото да се санираат коишто ги наследивме.

„Така што еве, за овие година дена мислам дека успеавме многу од тие лоши работи, еден од тие е и овој објект, да ги санираме. Така што мислам дека последната бројка е на приватните и државните универзитети, некаде околу 55 илјади студенти, со заверка на семестар ќе може да ги користат овие 250 евра за набавка на електронски уреди од септември“, изјави Мицкоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button