Денес зaпочна пријавувањето: Еве како да купите нов стан за 1000 евра квадрат

Од денеска започнува продажбата на државни комерцијални станови по цена од 1.000 евра за метар квадратан. Во следниот период вакви станови ќе се продаваат и во Скопје, Охрид и Штип.
Во Битола станува збор за 65 станови со паркинг место, а од државното акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор денеска ги објавија условите и деталите како да купите еден од овие станови. Становите ќе се продаваат по пат на усно позитивно јавно наддавање. Информирајте се за потребната пријава, изјавата, сите правила, како и за контактите.
Аплицирањето на огласот започнува од денеска и ќе трае до 3 март. На огласот можат да аплицираат домашни и странски правни и физички лица, а продажбата ќе се изврши по усно позитивно јавно наддавање.
Станува збор за 65 станови со паркинг места и 6 паркинг места со почетна цена од 1.000 евра квадрат без ДДВ. Становите се со површина од 38,25 до 72,75 квадратни метри.
Паркинг местото кое се продава заедно со станот е со фиксна цена, без ДДВ, и наддавањето се врши само за единечна цена на станот по м2 без ДДВ. Износ на ДДВ за станот и паркинг место кои се продаваат заедно е 5%.
Почетната цена за паркинг местата кои не се поврзани со становите е 500 евра квадратен метар без ДДВ. за овие паркинзи новите сопственици на излицитираната цена ќе платат ДДВ, во износ 18% и Данок на промет на недвижноста.
Зградата која е петкатница почна да се гради лани во ноември со рок на завршување 20 месеци. Зградата има површина од 3.900 квадратни метри.
Повеќе инфо за аплицирање на огласот имате тука