Владо си ги спакува куферите и замина во Сиднеј, но дали таму го пречека неговата најголема љубов Вера?

Македонскиот баладер Владо Јаневски изминатиов викенд настапи во Сиднеј, Австралија, пред полн клуб и публика која со носталгија ги пееше неговите најголеми хитови. Настапот го организираше „Арена евентс“, а видеа од концертот покажуваат како пејачот ја загрева атмосферата до последно место.
Она што ја прави оваа вест уште поинтересна е фактот што во истиот град живее и Вера Велевска – поранешната менаџерка и голема љубов на Јаневски. Нивната врска беше една од најкоментираните во македонската естрада, а токму Вера долги години стоеше зад неговата кариера.
Пред околу 15 години таа ја напушти Македонија и се пресели во Австралија, каде што, според тогашните медиумски написи, живеат нејзините деца. Во тој период се шпекулираше и дека Владо ја напуштил земјата за да ѝ се придружи, а магазинот „Убавина и здравје“ пишуваше дека наместо во Америка, тој заминал токму кај Вера.
Иако не е познато дали Вера била дел од публиката на последниот настап на Владо во Сиднеј, нивната приказна и денес предизвикува љубопитност и коментари кај јавноста.