Реклама
Новости

Чуваркa проговори за тоа како се однесувала Цеца во Централниот затвор: Ја натераa да се соблече, а таа од бес си ја кубеше косата

Реклама

Затворскaта чуварка откри се за деновите што таму ги поминала фолк дивата Светлана Цеца Ранатовиќ.

Светлана Цеца Ражнатовиќ мина четири месеци во Централниот затвор во 2003 година, но дури релативно неодамна се појавија детали за тоа што се случило таму.

Пејачката беше приведена заедно со нејзината сестра Лидија за време на акцијата „Сабја“ под обвинение за нелегална продажба на десет фудбалери на ФК Обилиќ и недозволено поседување 11 пиштоли. Иако речиси никогаш јавно не проговори за тој период, некогашната стражарка на Централниот затвор откри некои долго скриени информации.

Маркетинг
принтскрин јутуб

Како што тврди, Цеца не добила никаков посебен третман во однос на другите затворенички, но тешко го поднесувала престојот зад решетки.

„Цеца немаше никаква заштита овде, се однесувавме со неа како кон сите други затворенички. Не и беше лесно, често плачеше, а еден ден сама си ја кубеше косата од лутина. Беше сама во својата ќелија некое време, а потоа ја преместија во соба со уште неколку жени, иако таа молеше и плачеше да ја оставиме сама. Тешко и беше што не можеше да запали цигара кога сака па постојано нè викаше стражарите да и запалиме цигара, но не можеше така, имаше одредена наредба. Можевме да ја замолиме да ни запее нешто, а таа секогаш бараше да и запалиме цигара за возврат“, вели чуварката Ц.З за српски Курир и наведува дека пејачката морала да помине низ истата законска процедура како и сите останати приведени.

Маркетинг

„Таа навистина немаше никаков посебен третман. Кога некој е уапсен, законска процедура е да се соблече, да се наведне, и да се искашла. Тоа треба да го направи секој затвореник за да се провери дали е чиста и дека не крие ништо. Се разбира, Цеца не сакаше, но мораше.

Нејзината сестра Лидија била во собата со Дафина Милановиќ, познатата креаторка на Дафимент банка, па немала никаков контакт со Цеца. Таа постојано плачеше затоа што и недостигаше семејството, особено децата. Но, така е за сите, така што таа не се разликува од другите. Беше крајно дисциплинирана“, рече таа еднаш.

принтскрин

Пејачката по четиримесечниот притвор мораше да мине осум месеци со наногица во својата вила на Дедиње, за што проговори за медиумите:

„Поминав четири месеци во ќелија од два на два метри во нехумани услови. Од моментот кога ме уапсија, па се до средината на мај, смрзнав во ќелијата, ми замрзнаа коските“, изјави Цеца по излегувањето од притвор.

„Штрајкував со глад поради неправдата што ја доживеа моето семејство, сестра ми која не е ништо крива а заврши во затвор, а исто така и поради се што поминав. Тоа беше мала хируршка интервенција предизвикана од пост-затворски синдром. Значи, точно е дека имав мала операција. Тоа е последица на стресот што го доживеав“, изјави таа претходно.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button