Бизнис

БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани ќе добијат плус 46.000 денари на своите сметки!

Advertisement

Законот за работни односи предвидува право на регрес за годишен одмор за сите вработени лица кои имаат остварено најмалку шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавачот во тековната година, без разлика дали вработениот е пријавен во компанијата на неопределено или определено време.

Регресот за годишен одмор е поврзан со правото на користење на годишен одмор на работникот.

Advertisement

Доколку работникот е пријавен на пола работно време (20 часа неделно), му следуваат најмалку 10 работни дена годиешн одмор (член 48, став 4 од Законот за работни односи) и исплата на половина износ од утврдениот регрес.

Во случај кога работникот е пријавен на цело работно време (40 часа неделно), му следуваат најмалку 20 работни дена гоидшен одмор, односно најмногу 26 работни дена (член 137, став 1 и став 2) и исплата на целиот износ за регрес.

Регресот за годишен одмор се исплаќа до крајот на работната година (31.12), а неговиот минимален износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето плата по вработен исплатена во последните три месеци.

Advertisement

Компанијата КАМ повторно го потврдува реномето на еден од најпосакуваните работодавци во земјава и во пресрет на летната сезона ќе им го исплати првиот дел од регресот за годишен одмор од 46.000 денари на сите вработени.

Износот овој пат е речиси трипати повисок од законски утврдениот минимум, но оваа практика компанијата ја негува долго време и секоја следна година обезбедува поголема поддршка за својот тим составен од над 1400 луѓе. Регресот за 2025 е највисокиот досега и е признание за вложениот труд и лојалноста на вработените, а ќе биде исплатен во три дела – во текот на летниот период, во октомври и во декември.

– Наша компаниска мисија е да создаваме средина во која луѓето ќе се чувствуваат ценети поддржани и мотивирани. Со исплатата на рекорден регрес и постојано унапредување на бенефициите, испраќаме јасна порака – дека вреднувањето на трудот и грижата за тимот остануваат во сржта на нашето работење. Веруваме дека задоволниот вработен е и најдобриот амбасадор на компанијата – велат од КАМ.

Според новите податоци достапни на „Бизнис Мрежа“, КАМ и во 2024 година ја задржува позицијата на работодавец со најмногу вработени помеѓу трговските синџири во Македонија и воедно е предводник по висината на просечната плата во истата категорија.

Компанијата ја доби и наградата за најпосакуван работодавач за 2024 во категоријата маркети која ја доделува vrabotuvanje.com.mk

Покрај финансискиот аспект, КАМ постојано ги надградува и бенефициите за своите вработени – меѓу кои се издвојува и попустот за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид, особено популарен во летниот период. Воедно, компанијата вложува во човечкиот капитал и со постојано зголемување на платите, подобрување на условите за работа и редовни обуки за професионален развој.

КАМ останува посветен на градење силна, стабилна и човечки ориентирана организација, каде што секој поединец е важен и препознаен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button