Реклама
Вести

Блазе си им на вработените во оваа македонска фирма – си добија новогодишен надоместок од 30.000 денари

Реклама

Уште од основањето, повеќе од седум децении, Макпетрол АД отсекогаш бил предводник во примената на новитетите во погонските горива, во унапредувањето на квалитетот на своите производи, како и во воведувањето на алтернативни погонски горива кои придонесуваат за поголема заштита на животната средина.

На тој начин, во сите овие години ние успеваме да ја задржиме лидерската позиција во дистрибуцијата и прометот со нафтени деривати во Република Македонија.

Маркетинг

Основна цел на „Макпетрол“ А.Д.-Скопје е да обезбеди квалитетно, сигурно и економично снабдување на македонскиот пазар со нафтени деривати, гас и био горива.

Макпетрол АД јасно ги идентификува потребите на купувачите и ги визуализира иновативните решенија со внимателно планирање и проактивна комуникација со цел да се постигнат најдобри резултати.

Маркетинг

Во своето работење, Друштвото тежнее да обезбеди најдобри услуги за своите купувачи, квалитетни производи, добар стандард на своите вработени, доверба кај добавувачите и зачувување на животната средина.

„Макпетрол“ А.Д.-Скопје со своето работење се труди да придонесе за развој на економијата на општеството и за одржливиот развој во целина.

Традицијата на етичко и искрено водење во бизнисот е основата на која што се темели лидерска позиција на Макпетрол АД-Скопје на пазарот на нафтени деривати во Република Северна Македонија.

Преку нашата современа лабораторија, која што работи според најстроги светски стандарди, ние обезбедуваме постојаност на квалитетот на нашите горива, исто како и преку редовната контрола и врвната техничка изведба на инфраструктурата на нашите бензински станици.

Во 2008 година ја отворивме и фабриката за биодизел гориво со годишен капацитет од 20.000 тони, со што уште еднаш укажавме на нашата посветеност во примената на обновливи извори на енергија.

Сите услуги ги реализираме преку нашите, близу 1.900 работници, во сите оперативни подрачја на нашата компанија, почнувајќи од прометот и дистрибуцијата на нафта и нафтени производи како наша основна дејност, преку нашите стручни лица во бројните застапништва на светските марки, па сé до услужниот персонал во нашите ресторани, кафулиња и маркети во кругот на бензинските станици.

Со нашите високо поставени стандарди успеваме да постигнеме конкурентност и на регионално подрачје, преку нашите филијали Петролмак во Република Грција и Макпетрол-Београд во Република Србија.

Повеќе подружници оперираат во групата Макпетрол АД, како специјализирани субјекти во своите области: Макпетрол Пром-Гас како компанија специјализирана за снабдување со природен гас, Оилко за транспорт и дистрибуција на нафтени деривати, како и националната телевизиска куќа Телма. Покрај тоа, во нашето портфолио се и застапништвата на најреномираните светски марки, меѓу кои Honda, Dell, Goodyear и Nolan.

Имајќи ги во предвид залагањата на вработените за извршување на работните обврски, а по повод Новогодишните празници, „Макпетрол“ А.Д. – Скопје, објавува дека, на своите вработени им исплати новогодишен надоместок во нето износ од 30.000 денари.

Грижата за вработените е значајна за успешноста на Друштвото на долг рок и истата претставува дел од корпоративната политика на „Макпетрол“ А.Д. – Скопје.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button