Билдерот Зафиров: Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа е скриена камера
„Ме нападна жена, пријавив во полиција“. Ова беше реченицата на Тоше Зафиров која ги остави вчудовидени и гостите и водителката на Нешто Конкретно, Снеже Велков
– Кога пријавив во полиција насилство од жена врз мене полицајците мислеа се шегувам со нив или е скриена камера.
Ваков одговор на прашањето: Дали се плашите од нападни жени даде Зафиров образложувајќи дека таа жена постојано го пратела го вознемирувала и вербално го малтретира. На крајот добила забрана за да му се приближува.
Темата на емисијата беше „Од што се плашат мажите?”, а покрај Зафиров гости беа и политичкиот новинар Драган Милосављевиќ, бизнисменот Ненад Пантовиќ – Сињори и стенд ап комичарот Бојан Велевски.
Момците заклучија дека не се плашат ама дефинитивно љубоморна жена не можат да поднесат, паѓаат на женски солзи ама ги иритира „цмиздрење и лигавење”.
Не се плашат да не им избегаат сопругите ама дури и кога само сонувале дека ги напуштиле им доаѓало тешко и на самата помисла.
Дека потешко поднесуваат температура мажите тоа и научно е потврдено, а гостите потврдија дека може и не им е толку тешко ама многу им е убаво тогаш целиот свет да се врти околу нив.
Дефинитивно најголем страв е да не се заљубат во спонзоруши т.е. материјалисти жени.
Какви одговори дадоа на прашањето: Дали се плашат од силни жени, од неуспех и неизвесност и како се остава жена без зборови погледнете на линкот.
„Нешто конкретно” се емитува секоја недела на Телма во 17.00 часот