Вести

Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба: Сашко Коцев не застанал на даден знак од полицијата, по што удрил во полицаец и избегал

Advertisement

Познатиот македонски актер Сашко Коцев вчера вечерта околу 19 часот и 15 минути во Скопје, на подрачјето на Центар управувајќи патничко моторно возило „фолксваген“ со скопски регистерски ознаки не застанал на знак на запирање, даден од полициски службеник кој извршувал службени дејствија, агресивно се однесувал, по што со возилото го удрил полицискиот службеник и го напуштил местото, потврдија од МВР за „Слободен печат“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР.

Advertisement

Актерот Коцев за „Слободен печат“ изјавил дека не го удрил полицаецот со своето возило, ниту пак знаел дека се работи за полиција.

– Не ги видов дека биле полицајци. Беа во цивилка, не знаев дека се полициска придружба. Не беа униформирани. Јас ги прашав кои сте вие да блокирате пат и си продолжив со возилото, а тој ми одговори „сега ќе видиш кој сум“. Јас брзав, детето ми плачеше позади. Но, не го удрив, тој се поттргна, рекол Коцев за „Слободен печат“.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button