БАНАНА СО ВКУС НА СЛАДОЛЕД Ароматичен вид кој го освои светот

Бананите блу џава (Blue Java), кои се познати и како „сладолед банани“, се мали, здрави и премногу вкусни овошки. Кога се зрели, иако кората им е цврста како обичните банани, внатрешноста е многу мека, скоро како крем. Токму затоа и се поврзуваат со сладолед.
Сината банана има вкус на сладолед од ванила, мириса прекрасно и богата е со калиум, како и многу други минерали.
Од хранливи состојки, во себе содржи 0,3 грама масти, 22,8 грама јаглехидрати и 89 калории во 100 грама. Дури и нејзините листови се корисни, па жителите на Јужна Азија знаат како да ги употребат за подготовка на храна, како подлога за пржење, печење…
Сините јава банани дрвја можат да пораснат до висина од 4,5 до 6 метри со плодови поголеми од обичните банани. Лесно се одгледува бидејќи добро поднесува високи температури и поради силните стебла и кореновиот систем е отпорен на студ и ветер, па може да расте и кај нас.
Популарноста на овој вид банана вртоглаво расте бидејќи ја користат слаткарите и готвачите во создавањето на иновативни кулинарски специјалитети. Поради нивниот уникатен вкус и конзистентност, овие сини банани се користат во смути, се додаваат во десерти или се заменуваат со обични банани.
Се увезуваат и се јадат насекаде бидејќи се отпорни и добро го поднесуваат транспортот.
На Балканот се продаваат повеќе видови садници, а нивната цена се движи од 2.500 до 9.000 денари.