Реклама
Вести

АСО вработува – нето износ на плата 55.512 денари

Реклама

Врз основа на член 35 од Закон за административни („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 275/19, 14/20, 215/21, 99/22 и 208/24) и Уредбата за спроведување на постапката за вработување на административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 221/24), а во врска со член 20-г од Закон за вработени во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18 и 198/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 143/19, 14/20 и 208/24) и Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 242/24), Агенцијата за администрација објавува

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 324/2024
за вработување на 1 државен службеник од група I, подгрупа I во Агенција за супервизија на осигурување за следните работни места

Маркетинг

1. АСО0101В02008 Виш соработник за правни и административни работи, Дирекција за правни и административни работи, Стручна служба за општи и административни работи(1) извршител(и)

Општи услови

Маркетинг

– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

фото пекселс

Посебни услови

– ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки – Право
– најмалку 2 (две) години работно искуство во струката

Општи работни компетенции

– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни и
– финансиско управување

фото пекселс

Посебни работни компетенции

– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Дополнителни услови

– Уверение за положен правосуден испит

Распоред на работно време

– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 07:30 до 15:30
– Опис за работното време cо почеток на работното време помеѓу 7:30 и 08:30 часот и завршеток на истото помеѓу 15:30 и 16:30 часот

Паричен нето износ на плата: 55.512,00 денари

фото пекселс

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето во електронска форма преку корисничкиот профил креиран на интернет страницата на Агенцијата за администрација.

Рокот за пријавување изнесува 15 дена, сметано од денот на објавувањето на огласот. По истекот на рокот за пријавување, огласот ќе биде отстранет од интернет страницата на Агенцијата.
Кандидатите се должни пријавата да ја пополнат во целост, прецизно и со точни податоци. Пријавените кандидати на јавниот оглас, ќе бидат известени за времето и местото на одржување на секоја следна фаза од постапката за селекција на административен службеник, на интернет страницата на Агeнцијата за администрација.

Фаза 1 – административна селекција се спроведува во рок од 15 дена од завршувањето на објавениот оглас.

Фаза 2 – испит за административен службеник се спроведува во рок кој не може да биде пократок од 10, а подолг од 30 дена од завршувањето на фаза 1 и истата се снима и емитува во живо на интернет страницата на Агенција за администрација.

Фаза 3 – проверка на веродостојност на докази и интервју се спроведува во рок од 10 дена од завршување на фаза 2.

Рок за пријавување до 19.12.2024

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button