Хороскоп

Ако сте родени во овие три хороскопски знаци, честитки! Од 22 декември конечно пари по тешките месеци

Advertisement

Британскиот астролог Марк Вилијамс тврди дека во текот на оваа зима некои хороскопски знаци ќе пливаат во пари, односно дека ги очекува голема финансиска благосостојба, пишува Najzena.

Тие ќе добијат пари како бонус за трудот на работа, што конечно ќе им се исплати, додека некои ќе добијат пари преку отворање сопствен бизнис.

Advertisement

фото пекселс

Стрелец

Advertisement

Стрелците имаат можност да добијат покачување на платата. Некои ќе добијат можност и за хонорарна работа, што ќе ги подобри нивните финансии.

Одредени претставници на овој хороскопски знак, со кој владее Јупитер, планетата на среќата и благосостојбата, имаат можност да работат со странски земји, што може да им обезбеди сериозен прилив на пари.

фото пекселс

Јарец

За Јарците ова е еден од најдобрите периоди во годината. Ги имаат сите шанси да напредуваат во кариерата, а тоа ќе им донесе подобрување на финансиите. Доколку конкурираат за водечки позиции во тимот ќе ги остварат своите амбиции, а тоа ќе им донесе дополнителни пари преку плата.

Оваа зима, особено во јануари, ќе бидат особено ценети и наградени напорите на децата на Сатурн, кои се упорни и вредни работници. Јарците очекуваат добар период и многу радости во животот.

фото пекселс

Водолија

И покрај тоа што не припаѓаат на хороскопските знаци кои се материјалисти и кои знаат да штедат, Водолиите оваа зима ги чека вистинска материјална благосостојба.

Им се отвораат можности да завршат некои одамна започнати проекти кои ќе им донесат и материјално задоволство, а доколку размислуваат да започнат сопствен приватен бизнис, тоа е вистински момент за такво нешто, бидејќи се што ќе започнат во јануари и февруари, ќе им донесе голем финансиски профит.

Овој знак на Зодијакот може слободно да се впушти во разни деловни ризици, бидејќи среќата е на нивна страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button