Тонус леб – без брашно.
Состојки:
300гр зрна пченица
100гр јачменови или овесни снегулки
2 лажици сусам
2 лажици лупен сончоглед
2 лажици ленено семе
1 лажичка сол
50мл вода
20гр свеж квасец
Подготовка:
Зрната пченица се ставаат во вода да киснат 3 дена, одвреме навреме се менува водата. По 3 дена цедиме и ги ставаме во блендер (или во машина за мелење месо)да се изблендираат зрната. Ќе се добие смеса слично на тесто. Предходно киснетите снегулки се додаваат во смесата и повторно се блендира, ги додаваме и сусамот, лененото семе, сончогледот и солта. Во 50мл вода го мешаме квасецот со малку шекер. Го додаваме квасецот со водата во смесата од пченични зрна. Мешаме и оставаме да стаса. Откако ќе стаса го месиме со раце. Смесата се става во калап за леб и го оставаме да стои 30мин. Се печи на 220 степени околу 45-50минути.