Фризерот ви ја уништи косата? Еве како да ја поправите вашата уништена фризура
Дали некогаш сте излегле од фризерскиот салон и сте се вратиле дома со солзи?
Дали некогаш сте излегле од фризерскиот салон и сте се вратиле дома со солзи? Ако не, тогаш вие сте едни од ретките среќници. На уништената фризура ѝ треба повеќе време за да порасне, но постојат неколку трикови со кои можете да се послужите за да го олесните процесот на растење на косата и враќањето на старо.
1. За почеток, дајте си повеќе време
Веднаш по сечењето на косата таа може да изгледа чудно, но кога малку ќе се прилагоди на формата, ќе изгледа многу подобро. Затоа, потребно е да ѝ дадете малку повеќе време на новата фризура и можеби веднаш по стрижењето треба да ја измиете и да ја обликувате на начинот на кој вие сте навикнати.
Кажете ѝ збогум на лошата коса: најдобрите фризури кои се лесни за одржување >>
2. На помош може да ви биде и пеглата за коса
Ако по одредено време повторно сте незадоволни со вашата фризура, тогаш можеби може да ви помогне пеглата за коса. Кога е рамна, косата изгледа изедначено, па така можете да ги скриете непосакуваните слоеви или малку визуелно да ја продолжите, ако сте незадоволни со нејзината должина.
3. Време е производи за стилизирање
Ако до сега не сте ги користеле, време е да запознаете кои производи постојат за стилизирање на косата. Спреј со морска сол ќе додаде дополнителна текстура на вашата коса и полесно ќе ги прикри неправилностите, додека пак малку гел ќе ви помогне да ги отстраните несаканите прамени.
Спас во последен час: совршена фризура за оние денови кога не знаете што да правите со вашата коса >>
4. Можеби е време за промена на патецот?
Наједноставниот и најбрз начин да го промените изгледот дефинитивно е со промената на патецот на косата на спротивната страна. Можеби токму тоа е бараното решение за вашата уништена коса.