Наши ѕвезди

Весна Петрушевска потресно за Панчо – го обвинивме, а беше невин

Работеше многу, многу, многу… сам ги договараше свирките, сам пишуваше, сам одеше по студија...

Advertisement

Познатата актерка Весна Петрушевска, една од бројните блиски пријатели на Панчо, на својот Инстаграм-профил со емотивна видеообјава се прости од својот колега и драг пријател, кој по седум месеци борба подлегна на повредите.

Весна, видно потресена во видеото, сподели трогателни зборови во негова чест:

Advertisement
принтскрин

„Отиде и Панчо… го обвинивме, а беше невин. Сам си ја сакаше својата работа. Трчаше, како сите нас, за парче леб во оваа наша земја. Работеше многу, многу, многу… сам ги договараше свирките, сам пишуваше, сам одеше по студија, сам имаше сетови диџеј, беше многу вреден.“

Таа понатаму додава дека Панчо бил скромен и нежен човек, дека многу сакал да чита и дека многу ќе ѝ недостигаат разговорите со него.

Весна е една од бројните познати личности кои со солзи во очите и болка во градите денес на социјалните мрежи се простуваат од познатиот и сакан музичар.

Advertisement

Потсетуваме дека се огласи и сопругата на Панчо, Маја, со многу потресна порака.

Владимир Блажев – Панчо со сопругата Маја и двата сина / Фото: Фејсбук

„Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион парчиња“, напиша таа на социјалните мрежи.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button