Наши ѕвезди

Зборовите на Лила за Панчо печат, пржат – куме, пејте заедно со Андреј на небото…

Во низата зборови на збогувања, в очи ни падна „писменцето“ на Лила Стојановска, проследено со фотографија на која се заедно со пријателот, со музичарот, со оној што таа го нарекува - кум.

Advertisement

По страшната вест која денес одекна низ целата држава, дека нѐ напушти и Панчо од ДНК, бројни пријатели на музичарот, познати и непознати за јавноста, се простуваат од својот другар, соработник, сакан музичар, на социјалните мрежи.

Секоја порака пече, боли. Боли заминувањето на млад и толку талентиран човек од нашето поднебје, од нашето соседство.

Advertisement

Во низата зборови на збогувања, в очи ни падна „писменцето“ на Лила Стојановска, проследено со фотографија на која се заедно со пријателот, со музичарот, со оној што таа го нарекува – кум.

„Куме барам зборови, немам зборови со кои би опишала како ја доживеав оваа вест …. Сѐ уште не верувам дека твоето ГОЛЕМО срце не издржа. Ова што го пишав на сликава пред неколку месеци верував дека така и ќе биде…, ама ти куме одлучи да не го оставиш Андреј сам…, земјата плаче а небото се радува зошто доби уште еден ангел. Пејте заедно и знајте дека вечно ќе фалите“ -напиша Лила.

Advertisement

Потсетуваме, Лила беше онаа која од дното на душата веруваше дека Панчо ќе биде добро, и токму една од нејзините минати објави гласеше – „ќе бидеш добро, мораш да бидеш добро, се молиме што побргу да ни се вратиш“.

Пејачот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо почина како последица од повредите кои ги здоби од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Длабоко сочувствуваме со семејството на Панчо, неговите најблиски, како и со целата македонска јавност, бидејќи загубата е огромна за сите нас. Почитувајќи ја приватноста на секој наш пациент и согласно Законот за заштита на правата на пациентите, не споделуваме информации за пациентите“, соопштија од „Аџибадем Систина“.

Според информациите, Панчо некое време бил во кома, а имал и тешки изгореници на лицето и на рацете. 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button