Вести

Eве кои пензионери ќе си добијат 2.500 денари како еднократна финансиска поддршка

Advertisement

Грижата за луѓето не е популизам, таа е суштината на јавната служба. Кога се грижиме за старите, кога ги поддржуваме ранливите и содаваме услови секој да живее достининствено, тогаш градиме Скопје што не е поделено по класи или можности, туку обединето околу човечноста. Тоа е визијата на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за идниот развој на Скопје кој денеска пред медиумите зборуваше за делот од неговата програма посветен на ранливите категории граѓани на Скопје.

Визијата на Ѓорѓиевски за Скопје е дека тоа треба да биде град кој им припаѓа на сите, дека не смее да биде град на нееднаквости, град кој својот развој го базира врз човечноста како темел на секоја вистинска модернизација…

Advertisement

Кандидатот Ѓорѓиески посочи дека на највозрасните граѓани им е потребно внимание, достоинство и пред се сигурност. Оттаму неговата програма предвидува сеопфатен пакет мерки за подобрување на квлаитето на животот во третото доба…

– Ќе воведеме субвенционирано банско лекување, континуриана здравствена грижа и рехабилитација, подобрени услов за домување и моѓжности за активен општествен живот. Со проектот 2500 денари за пензионерите со најниски примања ќе обезбедиме финансиска поддршка за оние кои живеат со најмалку средства. Позитивните практики од мерките во Кисела Вода како што се „итно копче“, транспорт на стари лица, нега на возрасни лица во нивниот дом ќе бидат применети на ниво на целиот град. Ќе спроведеме и целосно реновирање на сите пензионерски домови во градот, тие ќе станат безбедни достапни и пријатни простори за дружење, едукација и активна старост, рече тој.

Тој најави проширување и на услугата паметната картичка, што ќе им овозможи на пензионерите со ниски примања да користат услуги на градските јавни претпријатија и установи, бесплатно или со значителни попусти, како посети на музеи, библиотеки, кина, зоолошка градина, жичница и слично.

Advertisement

Ѓорѓиески најави и активности за изградба на инфраструктура на еднаквоста.

– Преку детално мапирање на социјалните проблеми и анализа на капацитетите и целите, ќе изградиме град каде лицата со попреченост, нивните семејства и старите лица ќе добијат ефикасна, достапна и интегрирана поддршка од градот…

Меѓу другото тој уште најави системска поддршка на здруженијата кои работат со и за лица со попреченост, десетгодишна стратегија со инклузија што ќе ги интегрира младинските политики како алатка за активна вклученост на лицата со и без попреченост во процесот на креирање и импементација на инклузивни решенија, проекти за олеснета пристапност на лицата со попреченост до институциите… Најави лица за асистенција за помош при админстративни постапки, дигиталната достапност, финансиска поддршка за семејствата што се грижат за лице со попреченост, развој на програми за нивно вклучување на пазарот на пазарот на труд и општествената интеграција.

За социјално загрозените семејства и поединци вети директна финансиска поддршка, обезбедување хуманитарни пакети, развој на програми за психо-сијална поддршка и советувалишта, како и вклучување во образовни и преквалификациски програми со цел погочема економска независност.

Кандидатот за градоначалникт на ВМРО-ДПМНЕ уште најави помош за бездомните лица преку отворање прифатни центри со 24-часовна грижа, обезбедување основни животни услови како храна, облека и медицинска помош како и развој на програми за ингеграција во заедницата.

– Особено внимание ќе посветиме и на лицата со дијабет и ретки болести преку отворање специјализиран едукативен центар што ќе организира обуки и работилници и советувалишта за правилна исхрана, здрави животни навики и управување со хроничните состојби. Во истиот центар ќе обезбедиме психо-социјална поддршка за семејствата, ќе воспоставиме вмрежување со здравствените институции, здруженија на пациенти и меѓународни организации, како и креирање дигитална платформа со информации, упатства и видео-едукација за сите зантересирани граѓани, рече тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button