Познатата пејачка се присети на последната средба со Сара Пројковска: Беше голем човек и прекрасна жена
Пејачката Тијана Периќ во новата емисија „Кафе муабети“ на јутуб каналот на Гламур зборува за својата нова песна, но открива и многу други детали од нејзиниот живот.

Младата пејачка Тијана Периќ зборуваше искрено за Гламур во нашата најнова емисија „Кафе муабети“ за својата последна песна „Само мој“, но откри детали и од нејзиниот љубовен живот.
Тијана ја спомна и трагедијата што и се случи на Македонија, кога во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, на концертот на ДНК, се случи пожар што однесе многу млади животи.
Имено, Тијана се присети на последната средба со Сара Пројковска, која кобната вечер настапуваше како придружен вокал со групата ДНК и која, за жал, настрада во страшната несреќа.
Принтскрин/ Јутуб
Сара неколку ден пред да се случи несреќата дојде во студиото на Иван Петровски, инаку партнер на Тијана, каде ги снимаше придружните вокали на песната „Замини“ на Мими Јованвска.
Ова беше нивната последна средба со пејачката и професорката по пијано која неколку дена подоцна, не напушти засекогаш.
Принтскрин/ Јутуб
Во емисијата Тијана зборува и за нејзината последна песна, „Само мој“ со која неодамна ги воодушеви сите (види тука), но откри и како е да се создава музика заедно со колега со кого се и емотивно поврзани.
Имено, песната е снимена во студиото на нејзиниот партнер, а Тијана открива и детали од нивниот приватен живот.
Принтскрин/ Јутуб
Емотивно признава дека музиката е нешто што и е најважно во животот, но и која од колешките ја смета за најдобра.
Целата емисија со Тијана погледнете ја во продолжение: