Нема да ви се верува што прави Боки 13 по пресудата – шокантна објава, сите ги остави без зборови
Мкедонија „гори“, а Боки се чешла за премиера...

Контроверзниот македонски шоумен Бојан Јовановски попознат како Боки 13 не престанува да ја „шокира“ јавноста.
Откако деновиве беше осуден за „измама“ и „перење пари“, и тоа на пет години затвор, тој се огласи на социјалните мрежи.
И тоа со најава за неговиот најнов документарен филм „Рекет“ за кој најави и прес-конференција на 15 октомври.
„Почитувани медиуми, почитувана јавност, Ве покануваме на ден 15.10.2025 во 20ч во хотел Хилтон на премиерата на документарниот филм Рекет – 1 дел. На самиот настан ќе бидат прожектирани официјалниот трејлер за филмот и пет делови од документарниот филм Рекет – 1 дел. По прикажувањето е предвидена прес-конференција во врска со филмот и сите други прашања од интерес. Вашето присуство ќе ни претставува особена чест. Срдечен поздрав“, нaпиша Боки на Инстаграм, поканувајќи ги медиумите на премиера во Хотелот Хилтон, и тоа повторно само неколку дена пред изборите во Македонија.
Инаку, деновиве беше соопштен пресудата од повторената постапка за случајот „Меѓународен сојуз“ во која обвинетиот Бојан Јовановски е прогласен за виновен за „измама“ и „перење пати“, за што му беше изречена единствена казна затвор во траење од пет години, наместо девет, колку што беше осуден претходно.
View this post on Instagram
Во повторената постапка и на останатите обвинети им беа намалени казните во споредба со првостепената пресуда од 2022 година кога Боки беше осуден 9 години.
По пресудата, Боки во изјава за српскиот Телеграф за случајот вели дека е стар и дека оваа пресува не е ништо ново.
View this post on Instagram
„Не морам повторно, не, не“, вели Боки за Телеграф во врска со тоа дали повторно ќе треба да оди во затвор.
„Тоа е старо и така продолжува процесот“, вели тој потврдувајќи дека сучајот сега оди на апелација и дека тоа не е ништо ново.
Инстаграм/ Боки 13
Боки на Модната недела во Париз
Потсетуваме, станува збор за случај кој се водеше во Основниот суд во Скопје, а се однесува на измама на двајца македонски бизнисмени, кои заедно со Јовановски требаше да градат старечки домови. Боки овој пат не беше во судница кога се изрекуваше пресудата, а во моментот е на прекин издржувањето на затворската казна на друг случај, „Рекет“, во кој беше осуден на девет години затвор.
Токму за случајот „Рекет“ Боки утре ќе го објави и првиот дел од истоимениот документарен филм, а премиерата на Јутуб ќе биде во среда, на неговиот официјален канал, во 20.00 часот.