Новости

Срцепарателни сцени на погребот на Халид Бешлиќ – му ја исполниле големата желба за крај

Легендарниот пејач почива до неговиот голем пријател и колега, тоа му била последна желба која е исполнета.

Advertisement

На градските гробишта во Сараево денеска беше погребан еден од најомилените пејачи на народна музика на просторите на поранешна Југославија, Халид Бешлиќ.

Граѓаните го носеа ковчегот со телото на Халид Бешлиќ на раце кон местото за погреб, додека во позадина се слушаше акапела на неговата хит-песна „Романија“.

Advertisement

Неговото заминување остави длабока тага кај милиони луѓе, а според првичните проценки, околу 100.000 луѓе дошле да му оддадат последна почит.

Сцените беа потсетник на длабоката љубов и почит што Халид ја уживаше кај својот народ. Неговиот син, Дино, заедно со верските службеници, го спушти телото на татко му во гробот, додека цело Сараево  плачеше.

Емоциите достигнаа врв кога неговиот внук неутешно заплака покрај ковчегот, а Дино, и самиот скршен од болка, го тешеше и нежно го бакнуваше.

Advertisement

За жал, сопругата на Халид, Сејда, не можела да присуствува на комеморацијата поради изненадно влошување на здравствената состојба во време на ноќта.

Халид беше погребан според сите исламски обичаи, покрај својот долгогодишен пријател и музички колега, Кемал Монтено, со кого го делеше музичкиот пат и животните моменти. А то му била и желбата на Халид.

На гробот е поставен и микрофон, предмет кој ја одбележа неговата кариера и живот, како и бела роза знак на чистина и почит.

принтскрин јутјуб

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button