FashionСтил

Почина кралот на чевлите, ненадеен напад во домот, имаше 67 години – кој беше светски познатиот Чезаре Пачоти

Збогум на симболот„мејд ин Итали“, прославен низ целиот свет, омилен меѓу глумиците и ѕвездите од шоу бизнисот.

Advertisement

Светски познатиот дизајнер на чевли, италијанскиот моден креатор Чезаре Пачоти почина на 67-годишна возраст.

Познатиот италијански претприемач и дизајнер на обувки, нарекуван „кралот на чевлите“, беше основач и симбол на истоимената меѓународна марка.

Advertisement

Трагедијата се случила околу 19 часот во неделата, на 12 октомври, во неговиот дом во населбата Кавалино, во повисокиот дел на Чивитанова Марке. Пачоти беше дизајнер и основач на еден од најважните и најпознати брендови на обувки во светот.

принтксрин инстаграм/Чезаре Пачоти

Според првичните информации, Чезаре Пачоти починал од ненадеен здравствен напад во својот дом.

Алармот го активирала домашната помошничка, која веднаш повикала брза помош, но лекарите не можеле да го спасат.

Advertisement

Неговата компанија, која го носи неговото име, произведува луксузни чевли и кожни производи, вклучувајќи и накит и часовници.

Заедно со својата сестра Паола, во 1980-тите години го презел управувањето со семејната занаетчиска работилница за чевли, отворена од нивните родители во 1948 година, и ја претворил во симбол на италијанската обувка.

принтксрин инстаграм/Чезаре Пачоти

Од регионот Марке до Холивуд и до Азија, чевлите произведени во неговата работилница ги носеа големи имиња од филмската индустрија и меѓународната елита.

Кој беше Чезаре Пачоти?

Роден на 1 јануари 1958 година во Чивитанова Марке, како син на Чецилија и Џузепе Пачоти, сопственици на компанија за рачно изработени чевли, основана десет години пред неговото раѓање.

Во таа работилница малиот Чезаре го минувал поголемиот дел од детството, вдишувајќи го мирисот на кожата, играјќи меѓу скици и прототипи и со љубопитност набљудувајќи ги рацете на мајсторите што создавале ремек-дела.

Откако завршил класични студии, Пачоти -љубител на музиката и тапанар во бенд со пријатели – се запишал на DAMS факултетот во Болоња, каде што ја развил својата страст кон уметноста во сите нејзини облици.

Потоа следувале многубројни патувања низ светот и враќање во Италија, каде што стана еден од најпознатите и најпрепознатливи претприемачи на луксузот во светски рамки.

принтскрин инстаграм/Чезаре Пачоти

Цените на чевлите „чезаре пачоти“ зависат од материјалот и колекцијата, но главно се движат од 200 до 400 евра за поедноставни модели како патики или еспадрили, додека луксузните модели изработени од фина кожа, змиска или крокодилска текстура, или украсени со кристали, можат да достигнат од 500 до над 1000 евра. Посебните лимитирани изданија, создадени во соработка со познати дизајнери и модни уредници, често започнуваат од 800 евра па нагоре.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button