Цела сала во солзи – Слаткар и Тони изразија почит кон жртвите од Кочани, ова беше најемотивно
Концерт за паметење...

Познатите репери го кренаа Скопје на нозе
Овој викенд во арената „Борис Трајковски“ се случи најдобриот хип-хоп концерт во Македонија со домашен потпис.
Легендарните Слаткаристика и Тони Зен направија вистински спектакл, а публиката цела вечер репуваше заедно со нив.
Инстаграм
Посебно емотивен беше моментот кога Тони и Слаткар им оддадоа почит на загинатите во трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, кога цела сала плачеше за младите невини души.
„Ова е за Кочани. Да знаете дека не сте сами. Никогаш да не се повтори“, рекоа Тони Зен и Слаткар пред својата публика.
Инстаграм
Па така песната Исти, реперите ја пееја заедно за Кочани, а на сцената гостуваше Никола Нино Васков.
Емотивен беше и моментот кога Слаткар откри дека концертот има посебно значење за него бидејќи во публиката е и неговиот син.
Инстаграм
Имено, ова беше прв пат малиот Моша да го гледа својот татко на концерт, а со него беше и сопругат6а на Слаткар.
Инстаграм
Од друга страна Тони пред да ја започне легендарна песна „Интелект“, гордо порача дека концертот е и за неговото семејство.
Големо воодушевување предизвикаа и гостите на концертот: Калиопи, 2Бона И Некст Тајм, така што публиката цела вечер можеше да ужива во нивните најголеми хитови и да ги пее заедно со нив.
Инстаграм
Потсетуваме, концертот на Маринко Маринковиќ Слаткар и Тони Зен кој овој викенд се одржа во арената „Борис Трајковски“ требаше да се одржи на почетокот од пролетта, но беше откажат заради трагедијата што се случи во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани.
Инстаграм
На концертот како специјални гости беа дојдени и млади од Кочани, кои пристигнаа со организиран превоз.
На концертот како специјални гости беа и штитениците од Домот за деца без родители „11 октомври“.
Инстаграм
Инстаграм
Инстаграм
View this post on Instagram
View this post on Instagram