Хороскоп

Неделен хороскоп од 13 до 19 октомври – Јарците може да сменат работа, среќни шанси за Водолиите, магнетизам за Скорпиите

Еве што ни подготвија ѕвездите во периодот од 13 до 19 октомври 2025 година.

Advertisement

Неделата ќе започне со опозиција помеѓу Венера и Нептун, која ќе донесе опасности, како и измами, илузии во љубовната сфера и болна сентименталност поради некоја причина. На сите знаци им се препорачува да избегнуваат влегување во ризични ситуации.

Вагите, Биковите и Рибите во овој период може да се соочат со груби односи, додека Стрелците, Овните и Лавовите би можеле да станат жртви на сопствената непромисленост и лесномисленост.

Advertisement

Јарците и Девиците пак, може ненадејно да покажат непрактичност, со што ќе се доведат во сомнителна положба во професионалните односи.

Сепак, ситуацијата речиси веднаш ќе се подобри благодарение на хармоничните тригони на Венера со Уран и Плутон.

Еве што ни подготвија ѕвездите во периодот од 13 до 19 октомври 2025 година.

Advertisement
пекселс

Овен – промени!

Овните треба да се подготват за почеток на промени во својот живот. Неделата носи завршување на одамна започнати работи или проблеми, како и преиспитување на приоритетите и вредностите. Не се препорачува да го привлекуваат вниманието врз себе во какви било ситуации. Тоа ќе им помогне да го зачуваат доброто мислење што другите го имаат за нив и да не си создадат нови непријатели.

За претставниците на овој знак не се препорачуваат прејадување и алкохол, а треба да внимаваат и на настинки во втората половина од неделата.

Бик – не трошете импулсивно

Биковите не треба да ги занемаруваат советите од постари познаници или роднини. Добиените препораки ќе им помогнат на многумина со минимален напор да ги пребродат претстојните промени во животот. Не е препорачливо да трошат пари на задоволства – подобро е да заштедат средства за идни, поголеми набавки.

Кон крајот на неделата можно е мало влошување на здравјето, а особено се чувствителни грлото и тироидната жлезда.

Близнаци – недела на задоволства

Близнаците ќе бидат прилично задоволни од претстојниот период, кој носи промени во многу сфери од животот. Не треба да го шокираат своето опкружување, ниту да го менуваат имиџот или изгледот, бидејќи тоа подоцна може негативно да се одрази на професионалните односи и комуникацијата со партнерите.

Затоа, естетските третмани, пластичните операции и ласерските процедури е најдобро засега да се одложат. Особено неповолен период за такви активности ќе биде понеделникот и последните три дена од неделата.

Рак – бидете директни

Раковите ќе треба да се справат со нејасни ситуации или односи, при што ќе им помогнат засилената интуиција и директноста. Потребно е отворено да ги искажат своите забелешки, избегнувајќи недоразбирања и премолчувања.

Можности за унапредување или подобрување на професионалниот статус ќе се појават кај припадниците на овој знак околу средината на неделата, но успехот ќе треба веднаш да се зацврсти. Во спротивно, крајот на неделата, поради напнатата квадратура меѓу Сонцето и Јупитер, може да ги поништи сите постигнати резултати.

Лав – вие сте ѕвезда

Лавовите, без сомнение, ќе бидат лидери по популарност и внимание од општеството и тоа сосема заслужено. Кај оние чии професии се поврзани со креативност или уметност, работите ќе напредуваат особено успешно.

Финансиската состојба ветува стабилност во првата половина од неделата, но од петок се препорачува да се премине во режим на разумна штедливост. Во тој период треба да се внимава и на исхраната, поради зголемена склоност кон прејадување и можни проблеми со дигестивниот систем.

Девица – бидете попрактични

Девиците ги очекуваат позитивни промени во областа на романтиката и односите, а можно е да се појават и одредени финансиски можности. Потребно е особено да ги контролираат емоциите, бидејќи ненадејната склоност кон екстравагантност и истапување може да предизвика не само јавна осуда и ризици по угледот, туку и да ги наруши односите со пријателите и блиските.

Се препорачува енергијата да се насочи кон решавање на реални задачи и практични прашања.

Вага – повеќе од флерт

Вагите ќе почувствуваат инспирација и внатрешен подем, поврзани со нови обожаватели или партнери. Кај оние што сè уште се слободни, постои можност да започнат романтична комуникација која може да прерасне во нешто повеќе од обичен флерт.

Одредена вознемиреност и неодлучност, типична за овој знак, ќе се одрази врз секојдневните обврски, кои ќе бидат потешки и понапорни од вообичаено. Смирување и рамнотежа Вагите ќе најдат преку креативни активности, јога или дружење со домашни миленици.

Скорпија – шарм и магнетизам

Скорпиите ќе влезат во период на промени што ќе траат подолго време и можат темелно да го променат животот. На секој ќе му се даде според заслугите, особено во однос на моралноста што е својствена на секој поединец од овој знак. Многуми ќе можат да остварат успех користејќи го зголемениот шарм и магнетизам.

Подобрување на материјалната положба може да се очекува во втората половина на неделата. Во истиот период не се препорачува да се даваат ветувања или да се презема дополнителна одговорност.

Стрелец – недела за паметење, но под еден услов

За Стрелците неделата може да биде успешна и запаметлива доколку покажат скромност, добри манири и дипломатичност. Многумина ќе можат да најдат нови извори на приходи, да стекнат корисни контакти и да ги подобрат своите професионални активности.

По четврток не се препорачува да се занимаваат со правни прашања и финансиски операции, да посетуваат државни институции, ниту места со масовно собирање на луѓе. Поради чувствителност на црниот дроб во овој период, потребно е да се внимава на умереност во исхраната и консумацијата на алкохол.

Јарец – прилагодливост

Кај Јарците емоционалната нестабилност ќе се смири доста брзо. До вторник тие веќе ќе можат да се насочат на конструктивност и прагматизам. Ќе покажуваат прилагодливост и брзо ќе се вклопуваат во новите реалности, поврзани пред сè со промени на работа или функција, начини на водење на работите, приходи и слободно време.

Многумина ќе го променат дневниот режим, ќе направат корекции во исхраната и дури ќе ги изменат вообичаените маршрути на движење.

Во поглед на здравјето, Јарците треба да обратат внимание на срцето и високиот крвен притисок кон крајот на неделата можни се мали проблеми со здравјето.

пекселс

Водолија – среќни шанси

Водолиите ги очекува интересна и успешна недела, при што среќните шанси треба задолжително да се искористат. Емоционалниот подем и внатрешната сила ќе помогнат лесно да се совладаат пречките и тешкотиите, а новите перспективи што ќе се појават на хоризонтот ќе им овозможат да станат посвесни и посмели.

Веќе викендот треба да им се посвети на дружење со пријателите, како и на семејството и роднините. Најтежок ден ќе биде петок, па главниот совет е да не се ветува ништо на никого и да не се земаат кредити или нови обврски.

Риби – љубов и романса

Рибите ги очекуваат пријатни изненадувања од романтичната страна на животот. Можно е да има многу сценарија: возбудлив флерт со нов обожавател, неочекувани запознавања и убави подароци од постојните партнери. Многумина ќе доживеат промени во професионалната сфера.

Сепак, можни се недоразбирања со колегите или со потчинетите. Добро е да се одвои време и ресурси за одржување на здравјето, бидејќи на крајот од неделата може да се активираат хронични заболувања.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button